Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Согласно одобрението издадено од страна на Министерството за транспорт и врски, „Виадукт трејд” ДООЕЛ Гостивар известува дека почнувајќи од вторник, 14.6.2022 година, од 10 до 14 часот, во наредните 45 дена ќе се воспостави времен режим на сообраќај за фаза асфалтирање за објект рехабилитација на Регионален пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница.
Поточно, во овој период ќе има комплетно затворање на патот Маврови Анови – Жировница во делот од брана Маврови Анови до Ресторан Трница. Изведувањето на градежните активности ги изведува Друштво за градежништво „Пелагонија“ АД, Гостивар
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДС и Филипче се на иста линија со мегафонот Ордановски кој упати низа навреди кон Џеј-Ди Венс, Трамп и Америка, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Како што истакнуваат од владејачката партија, СДС и Венко Филипче немаат идеја, креативност, визија ниту пак стратегија како за сопствената партија така и за државата.
Според ВМРО-ДПМНЕ, безидејноста на СДС и Филипче е до тој степен што се свртена кон политиките на Левица.
„СДС и Венко Филипче не се оградуваат од ставовите на нивниот гласноговорник Сашо Ордановски.
СДС и Филипче не се оградуваат од апологетот Ордановски кој смета дека Трамп е криминалец и е контра Трамп и Америка.
СДС и Филипче ги поддржуваат ставовите на мегафонот Ордановски.
СДС и Филипче се против унапредување и развој на односите со стратешките партнери на Македонија како што е САД.
Секоја меѓународна активност во насока за развој на Македонија, мегафоните на СДС и Филипче како Ордановски малициозно се обидуваат да ја омаловажат“.
Додаваат дека додека СДС и Филипче се заглавени во сопствените лавиринти и тонат се подлабоко во политичкото мочуриште, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски има јасна цел, визија и стратегија за економски развој и унапредување на односите со стратешките партнери на Македонија како САД.
Македонија
Денеска ќе му ги предадеме документите на Мицкоски за скандалот со Меџити, најави СДСМ

СДСМ преку писмено соопштение извести дека денеска во 11 часот, во Владата на Република Северна Македонија ќе му достави документи на премиерот Христијан Мицкоски за скандалот со Меџити.
„СДСМ чувствува одговорност да реагира веднаш откако премиерот Мицкоски јавно повика да му се достават докази за сомнежите дека постои корупција и неправилности во работата“, велат од партијата.
Од СДСМ најавија и изјава пред зградата на Владата пред да ги предадат документите.
Македонија
Повисоки утрински температури во државата, максималната денеска до 12 степени

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -2 степени, -1 било во Битола и Берово, 0 во Крива Паланка, Тетово, Крушево, Лазарополе и Маврови Анови, 1 во Демир Капија и Виница, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Велес, Штип, Кавадарци и Струмица, 3 во Скопје-Петровец, Претор и Гевгелија, 4 во Охрид.
Висината на снежната покривка утрово во 7 часот изнесувала 30 сантиметри на Попова Шапка, 3 во Маврови Анови и 2 во Берово.
Времето денеска
Претпладне со појава на магла по одделни котлини. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди, а во планинските региони со услови за појава на слаб краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.
Во Скопје претпладне во делови од котлината со појава на магла, а преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.