Македонија
Сообраќајот по влажни коловози, снег кај Маврово и Ѓавато

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Маврово, додека на Ѓавато снежните врнежи се со умерен интензитет.
Авто-мото сојузот на Македонија препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
На патниот правец А2 Стругa-г.п. Ќафасан, од бензинска пумпа КМР до м.в. Добра Вода-с.Франгово (во должина од 3км) се препорачува исклучително внимателно управување со возилата поради дупки на коловозот. На самото место поставена е соодветна патна сигнализација и ограничување на брзината од 30 км/час.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Владата посветено работи, преку зголемување на инвестициите да го подобри стандардот на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Со ништо СДС не може да го скрие вчерашното целодневно јавно бламирање. Ниедно соопштение за ниедна тема не може до го испере нивното бламирање на јавна сцена и непознавањето на состојбите на нивниот претседател, Венко Филипче по вчерашната прес-конференција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, излишни се коментарите за состојбите во економијата на оние кои што за седум години целосно ја уништија, а стандардот на граѓаните го срозија, доведувајќи над пола милион до просјачки стап со по 150 денари на ден.
„СДС да беа способни и да водеа правилни економски политики, немаше состојбата во државата да е таа што е, а нивната политичка елита дополнително збогатена на грбот на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија која ја предводи македонската Влада посветено работи на подобрување на економската состојба во државата и на подобрување на животниот стандард на граѓаните.
Тоа, пред се, се прави преку издржани и долготрајни решенија кои на долг рок ќе обезбедат економски развој и подобар живот за сите“.
Додаваат дека континуирано се преземаат итни мерки за зачувување на куповната моќ и стандардот на граѓаните, преку намалување на цените на прехранбените производи, меѓу кои последната е ограничување на маржите на над илјада производи.
„Во континуитет се зголемуваат платите и пензии, кои со исплата на мартовските пензии следи ново линеарно покачување од 2500 денари и покачување како на минималната платата, така и на платите во разни сектори како здравство, образование“, истакнуваат од владејачката партија.
Македонија
Наредено уништување на 1.980 килограми небезбедно замрзнато пилешко месо од Полска

Официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, по спроведниот вонреден инспекциски надзор, наредија нештетно уништување на 1.980 килограми небезбедно замрзнато пилешко месо по потекло од Полска, кое било транспортирано во возило што го запленило Министерството за внатрешни работи од непознат сторител.
Месото било спакувано во 180 пакети по 11 килограми и во моментот на контролата било во фаза на отопување.
Во запленетото возило небезбедното месо се транспортирало во несоодветни услови, односно без потребен температурен режим за замрзнато месо (минус 18 Целзиусови степени) и без никаква документација за потеклото – ветеринарно здравствен сертификат, комерцијален документ и други потребни документи за гарантирање на безбедноста на производот, соопшти АХВ.
Македонија
Отповикани осум амбасадори, кои беа назначени од Стево Пендаровски

Повлечени се осум амбасадори, кои беа назначени од поранешниот претседател на државата, Стево Пендаровски.
Отповикани се амбасадорите Мето Белески – Брисел, Катерина Ставревска – Лондон, Зеќир Рамчиловиќ – Подгорица, Пајо Авировиќ – ОБСЕ, Емил Крстевски – Прага, Јакуп Реџепи – Сараево, Агнеза Руси – Софија, Џенк Сејфула – Стокхолм.
Како причина за нивното враќање се наведува неисполнувањето на член 39 од Законот за надворешните работи затоа што не ги претставиле дипломатските тези пред собраниската Комисија за надворешна политика пред да бидат упатени за ополномоштени македонски амбасадори.