Македонија
Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, се обрати на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“
Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, се обрати на конференцијата „Родова еднаквост на работното место“, што денеска се одржа во Кабинетот на претседателот.
Според Ѓоргиевска, досегашните анализи на националните, регионалните и на глобалните состојби упатуваат на една загрижувачка тенденција – и покрај напредокот во степенот на образованието на жените, на нивното работно искуство и стручност, сè уште нема рамноправна валоризација на трудот на жените. Причините за оваа дискрепанција меѓу декларативното и фактичкото во однос на примањата, според Ѓоргиевска, се многубројни, структурни и честопати гравитираат околу родово-базираната дискриминација, со која се соочуваат многу жени и во македонското општество.
„Принципот на еднакво вреднување за еднаква работа е еден од најстарите принципи на Европската Унија. Оттука, проблемот со нееднаквата заработка не е само економско и политичко, туку и прашања на правичност. Имено, еднаквото достоинство меѓу мажите и жените подразбира и правична валоризација на нивниот вложен труд. Жените што се еднакво третирани се многу помотивирани да вложуваат во личниот и кариерниот развој и со тоа да придонесуваат кон колективниот напредок на целото општество“, рече Ѓоргиевска.
„Затоа, за да се затвори родовиот јаз и да се намали нееднаквоста на жените во економската сфера, ги поддржуваме мерките за економско јакнење на жените, за женско претприемаштво, за праведно и достоинствено вреднување на работата. А со тоа ќе придонесеме кон постигнувањето родова еднаквост“, рече Ѓоргиевска.
Главна цел на конференцијата, што се одржа под покровителство на сопругата на претседателот, а во организација на Центарот за управување со промените (ЦУП) и Алијансата за родова еднаквост (ГЕА), е да се поттикне прашањето за родовиот јаз во платите, да се анализираат состојбите, трендовите и да се пренесе важна порака за значењето на надминувањето на родовиот јаз во платите како дел од комплексниот процес на унапредување на родовата рамноправност.
Свои поздравни обраќања на настанот имаа и Нина Ангеловска, претседателка на ГЕА, и Неда Малеска-Сачмароска, извршна директорка на ЦУП. Во рамките на конференцијата се одржаа две панел-дискусии на тема „Состојбата со родовата еднаквост на работното место во Република Северна Македонија“ и „Градење подобри работни места преку обезбедување родова еднаквост“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

