Македонија
Сопругата на Јанакиески: Донесете го Груевски да одговара за бегството, а не поради него во притвор да лежат недолжни луѓе
Сопругата на ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, Сања, на „Фејсбук“ напиша дека одлуката на Апелацискиот суд во Скопје за притворот на нејзиниот сопруг и на Кирил Божиновски е политички линч, а не правда. Таа праша дали ги пронашле банкарските сметки на Јанакиески и дека бегството на Груевски не смее да биде инструмент на одмазда.
„Политички линч, наместо правда! Апелацискиот суд е должен да одговори дали ги пронајдоа сметките на Миле Јанакиески во странство. Каде се тие сметки? Кој ја зборува вистината, анонимниот извор на УБК или претседателот на РМ. г. Ѓорге Иванов? Кога и каде мистериозниот посредник имал средби со претседателот Иванов и со Миле Јанакиески? Кој ќе одговара за прекршување на повеќе закони во Република Македонија и Европската конвенција за човекови права и носењето одлуки спротивни на праксата на Европскиот суд за човекови права? Судот не смее да биде инструмент за одмазда, донесете го Груевски и самот нека одговара за неговото бегство, а не поради него во притвор да лежат недолжни луѓе!“, напиша сопругата на Јанакиески.
Апелацискиот суд донесе одлуки со кои им го потврди притворот на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, кои се обвинети во предметот „Титаник“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

