Македонија
Сопругата на Јанакиески: Зарем треба борбата за правда да се сведе на мотото „уапси го Миле“?
Сопругата на ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, Сања, на „Фејсбук“, напиша дека нејзиното семејство се соочува со неправда. Таа наведува дека Јанакиески една недела штрајкува со глад и прашува дали борбата за правда треба да се сведе на мотото „уапси го Миле“. Се прашувам, додава таа, кај се милијардите кои биле украдени?
„Миле го познавам речиси од дете и го знам најдобро од сите. Сме поминале многу. Пријателите ми викаат премногу, дури колку за два живота, а јас ќе кажам премалку зашто за секој поминат ден му благодарам на Бог што сум го запознала. Се секавам на првиот бакнеж во Леоне, па до кавгата за тоа кој е подобар возач и дали лево е вистинското десно, сме се радувале, сме тагувале, сме сакале и ценеле, сме тажеле и гордееле…знам дека на многу ова ќе им звучи патетично, некои ке ме осудат и нема да го одобрат ова, но јас не знам што повеке и не знам како понатаму.
Многу се нашле во ваква или слична ситуација можеби и во потешка незнам, но не секој се одлучува да напише што се случува и како тоа го доживува.
Знам дека многумина имаат секакви предрасуди кон нас и кон мојот сопруг заради различни причини, дезинформации, шпекулации и трачеви што кај нас за жал веке се редовна храна која намерно се нуди, но исто знам дека ова што го пишувам го пишувам од срце и без задршка.
Ова е моето сведоштво за Миле кој јас го знам и причина за мојата лична борба за него …..
Ова што се случува на моето семејство не е правда. Секој што ке се обиде да проанализира подлабоко ке го свати тоа. Не само заради суштината на предметите отворени против Миле туку заради се што всушност се случува околу нас и генерално во државава.
Тој е добар човек со големо срце и секогаш сака да помогне дури и повеке од што може, вреден и исполнителен и она што ке го вети за него е света обврска, оние што го познаваат добро го знаат тоа. Другар и секогаш спремен да излезе во пресрет на било кој проблем било да е семеен, на блиски и не блиски луге. Семејството за него е се, секогаш спремен за изненадувања и организирање секакви лудории со трите сина, секогаш присутен за нив, како поткрепа, како утеха како другар.
И најтешкиот момент следи што да им се објасни и каже на нивното прашање кое денонокно го повторуваат: мамо, каде е тато, кога ке си дојде? Повторно ли ке биде отсутен долго како и минатиот пат? А ке може ли да возиме повторно заедно велосипеди и да одиме на кино? Ке може да излегува нели?
И да тој штрајкува со глад, веке цела една недела! Бегло беше соопштено ова како и да не е нешто многу важно, зарем не е? Борбата за правда да се води на овој начин, заради тоа што институциите на правдата немаат слух или намерно го изгубиле?
Зарем треба борбата за правда да се сведе на мотото ‘’уапси го Миле”и …и што?! Се прашувам кај се милијоните, не милијардите кои биле украдени?!
Миле го судат само за наводно прекршување на процедури, се друго што ке слушнете е гола пропаганда.
Не барам милост! Јас барам правда!
Стотици прекршувања на процедури, на правила, на човекови права, прават обвинителството и судот.
Ова е изживување и ништо друго!
Секогаш спрема сите се однесувал со почит и емпатија, честопсти не им ги гледа лошите страни на лугето туку пробува да најде оправдување за некого ако погреши. Добриот човек секогаш го гледа доброто во лугето. Никогаш нема лошо кажано за никого.
Едно е тоа што некој ке слушне од 10 одбрани и наменски определени телефонски разговори снимани во 10 години.
Така ако се оценува некој дали е лош или добар човек секој за себе може да каже дека е лош.
А ако се гледа вистинската слика за некого преку цели денови, неговата работа, пријателство, родителство и однесување како сопруг но најмногу како човек, тогаш е нешто сосема друго. Едно е да те портретираат преку кампања, а друго е она што вистински си.
Се плашам дека ако се гледа од 10 тина или 50 тина телефонски разговори снимени во период кога се направени 100 милиони разговори тогаш јас ке кажам за себе дека јас сум лоша, јас знам да опцујам, знам да навредам, да се изнервирам да бидам гневна. Точно е. Некој ке каже ама тој бил функционер и не смеел да збори така, јас ке одговорам тој е само човек. Но верувајте ке повторам тој е добар човек. И секој што го познава лично ке потврди. Дури честопсти како што викаат излегува глуп од што е добар. Да. Грубо звучи но така е. За жал. Тој е едноставно човек. А сега тој човек е жртва на психолошка војна. Неправедна војна кон него бар. За други не знам и не можам да кажам. Верувајте на никого не го посакувам ова што нам ни се случува.
Знам дека вистината еден ден ке излезе на виделина но исто така можам да кажам дека не сум убедена дека Миле ке ја дочека здрав и читав.
Не се разбирам во политика. Не сум ја следела ниту ја сакам. Тоа е најпрљавата работа на свет според мене.
Но политиката нема да се исчисти ако се изживуваш со Миле“, пишува Сања Јанакиески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

