Македонија
Сопственикот на „Беса транс“: Си велам зошто не бев и јас во автобусот
Сопственикот на туристичката агенција „Беса транс“, Беким Хаџиу, првпат по стравотната несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, во интервју за бугарската БНТ зборува за деталите во врска со патувањето и автобусот што изгоре, при што загинаа 45 луѓе.
Хаџиу вели дека автобусот поминал нa технички преглед пред да замине од Турција и сѐ било во ред. Ја исклучува можноста некој од патниците да има увезено запаливи материи. Хаџиу потврди дека и тој и неговото семејство биле дел од патувањето, но патувале со други автобуси.
Сопственикот на „Беса транс“ во интервјуто рекол дека досега не зборувал за медиумите бидејќи бил шокиран од тоа што се случило, но на секој начин соработувал со истражителите за да се утврдат причините за инцидентот.
Хаџиу вели дека автобусот бил произведен 2007 година, но бил купен од неговата компанија пред речиси три години. Според него, досега немало технички проблем со автобусот.
„Си велев зошто не бев во тој автобус, да умрам, и тоа си го кажав многупати“, вели Хаџиу.
На граница на излез од Бугарија тој дознал за автобусот.
„Им реков да ме испратат на местото да видам со свои очи што се случило таму“, додава Хаџиу.
Сопственикот на фирмата се качил со такси и се вратил на местото на несреќата.
„Пред да тргнеме за Турција ги сервисираме, контролираме, па дури и кога ќе стигнеме до Истанбул, и таму одиме на сервис да ги проверат, превезуваме патници, да видиме каква е состојбата. Сѐ беше во ред и таму ни кажуваат доколку нешто не е во ред, веднаш да го поправиме“, објаснува сопственикот на „Беса транс“.
Беким Хаџиу рече дека во автобусот немало туби со нелегално увезено гориво. Поради темелните проверки на бугарските граници, се исклучува можноста патник да внесе многу запалива материја, додава тој.
На прашањето дали автобусот ги има сите потребни документи, тој и неговиот адвокат во интервјуто за бугарскиот медиум изјавиле дека во оваа фаза нема да коментираат бидејќи истрагата е во тек.
Ги опишал возачите на автобусите како добри и искусни професионалци, кои многупати ја поминале таа релација. Според него, тие строго ги почитувале термините за паузи.
Хаџиу во интервјуто рекол дека автобусот имал фабрички ограничувања и не можел да крене брзина поголема од 100 километри на час.
Тој во разговор за бугарскиот медиум рекол дека од несреќата живее во Бугарија. Изнајмил стан за да им биде достапен на истражителите и да помогне колку што може. Тој вели дека е достапен и за роднините на настраданите.
„Никој не сакаше ова да се случи. Сите го знаат тоа. Не дозволувајте никому да му се случи оваа трагедија, тажна, многу тажна трагедија. Не знам што друго да кажам“, изјави сопственикот на „Беса транс“ за БНТ.
Беким Хаџиу вели дека не се чувствува загрозено од никого.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Без струја неколку скопски општини
Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат следните корисници:
· Во период од 09,00 до 12,00 часот дел од корисниците од с. Крушопек ( влезот на селото) о. Сарај;
· Од 10,00 до 15,00 часот дел од ул.4 во Сарај о. Сарај;
· Од 08,30 до 15,30 часот дел од ул. Македонско-Косовска Бригада, дел од ул. Никола Малешевски и дел од ул. Џон Кенеди бр.27 о. Чаир;
· Во период од 09,00 до 15,00 часот дел од ул.2 и дел од ул.10 с. Долно Лисиче о. Аеродром.
Сервисни информации
Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини снег
Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Од среда следува период на стабилно време со ниски утрински температури, кои наместа ќе се спуштат под нула, а дневните ќе бидат во постепен пораст.
Македонија
Ковачевски: Треба да одлучиме дали ќе чекориме по патот кон ЕУ, или ќе се вратиме назад во изолација и неизвесност
СДСМ е опција која носи надеж, обезбедува подобар и подостоинствен живот за сите, опција која не е откажува од европскиот пат, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, на вечерашното отворање на промотивниот штаб на СДСМ, во Куманово.
„Ние треба да одлучиме дали ќе чекориме по патот кон Европската Унија во која ќе биде подобро за сите или ќе се вратиме назад во изолација и неизвесност. Тоа ќе биде одлуката на претстојните избори, помеѓу „надеж со СДСМ“ и „безнадежност со ВМРО-ДПМНЕ“, помеѓу „просперитетна иднина со СДСМ“ и „враќање во темното минато со ДПМНЕ“. СДСМ е единствената партија која ја постави и која работи да се исполни визијата за европска иднина на нашата земја. Ние во СДСМ имаме јасна визија за иднината. Затоа јасно и гласно кажуваме одиме напред кон Европа, нема откажување од иднината. СДСМ ги исполнува ветувањата и даваме сѐ од себе да ги исполниме и очекувањата на граѓаните“, потенцираше Ковачевски.
Порача дека СДСМ ќе извојува победа и на претстојните претседателски и парламентарни избори, а победата ќе биде очигледна и во Куманово.
„Јас знам дека и овој пат ќе издвојуваме голема заедничка победа и ќе им покажеме дека лаги и манипулации не поминуваат во Куманово. Градот што се крена прв против фашизмот во време не НОБ знае што значи да си на вистинската страна на историјата. Куманово знае што значи борба за подобра иднина. Куманово секогаш било бастион на социјалдемократијата. На последните парламентарни избори, пред четири години, СДСМ и коалицијата во Куманово освоија три и пол илјади гласови повеќе од ДПМНЕ“, нагласи Ковачевски додавајќи дека граѓаните ги поддржуваат големите партии како СДСМ затоа што знаат дека можат да ја однесат државата напред во иднината, а не да ја вратат назад во минатото.