Македонија
Сопственици на апартмани во Солун и Неа Каликратија во Грција им понудија бесплатно сместување на родителите на повредните пренесени на лекување во Солун
Сопственици на апартмани во Грција им понудија бесплатно сместување на родителите чии деца се пренесени на лекување во Солун. На социјалните мрежи тие споделуваат телефонски броеви на кои може да се јават родителите и роднините на повредените деца за да побараат сместување. Понуденено е сместување во Неа Каликратија, оддалечена триесеттина километри од Солун и во Солун.
Попладнево министерот за здравство Арбен Таравари извести дека на лекување во Солун се испратени тројца повредени во пожарот во дискотеката во Кочани.
На лекување во странство се испратени вкупно 47 пациенти. Покрај тројцата во Солун, 14 повредени се испратени во Бугарија, од кои во Софија се осуммина, во Пловдив се тројца и во Варна се упте тројца. Во Белград е испратен еден пациент, во Ниш еден, во Истанбул тројца пациенти, а со авион најави дека вечерва ќе одат уште шестмина. Договорено беше вечерва четворица пациенти да бидат пренесени во Хрватска и уште 15 во Белград.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

