Македонија
Состанок на кризниот штаб во Битола, ќе се разговара за надомест на штетите од земјотресот

Битолскиот градоначалник Тони Коњановски за денеска закажа состанок на општинскиот кризен штаб, на кој ќе стане збор за состојбата во Битола по вчерашните серија земјотреси.
„На седницата на Советот ќе биде предложена дополнителна точка за формирање комисија за надомест на штетите од земјотресот“, напиша Коњановски на „Фејсбук“.
Тој синоќа излезе на терен со дел од кризниот штаб. Коњановски ги посети Итната помош и Противпожарната единица, како и делови од градот каде што доминираат висококатници и има поголеми штети.
Серија земјотреси го погодија подрачјето околу македонско-грчката граница синоќа, од кои најсилниот беше 5,5 степени според Рихтер. Земјотресот ги вознемири битолчани, а голем дел од нив ноќта ја поминаа пред своите домови. И утрово беа регистрирани серија земјотреси во Битола.
Сионќешниот земјотрес се почувствува низ западниот дел од Македонија сè до Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Гужва на границите, на Табановце и Богородица се чека по 20-тина минути

Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце” времето на чекање за влез и излез е околу 20 минути, за. На ГП „Богородица” времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата, информира АМСМ.
Поради пожар во националниот Парк Јасен, пак, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Маџирмаало 11, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Дел од Зелениково денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Зелениково, општина Зелениково.