Македонија
Сотировски со честитка до верниците кои го празнуваат католичкиот велигден

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, упати честитка до Католичката црква во Република Македонија, бискупот скопски и епарх струмичко-скопски, мон. д-р Киро Стојанов, како и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според грегоријанскиот календар.
„Милиони луѓе во светот денес ги изговараат зборовите ‘Христос воскресе’, радувајќи се на овој голем празник. Христовото воскресение е симбол на победата на доброто, на позитивните вредности, љубовта, мирот и испружената рака кон човекот. Изградбата на мирот во општеството не е можна без верата во овие вредности. Посакувам вашите срца да бидат исполнети со оваа голема љубов и духовен мир. Во пресрет на скорешната посета на папата Франциско на Балканот и во нашата држава да се потсетиме на неговата порака на 52. Светски ден на мирот: ‘Добрата политика е во служба на мирот’. Доследното почитување на секоја личност и градење политика за доброто на сите, ќе овозможи вистинска благосостојба во нашата мила татковина и насекаде во светот“, се наведува во честитката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски со честитка до ЦДУ: Европа бара промени

Премиерот Христијан Мицкоски ја честиташе победата на ЦДУ на изборите во Германија преку социјалните мрежи.
„Овој успех е потврда за довербата што германските граѓани ја имаат во лидерството и во принципите на кои се темели ЦДУ – стабилност, развој и посветеност на вредностите на европската христијанска демократија.
Заедно да соработуваме за доброто и просперитетот на нашите граѓани. Европа бара промени“, напиша Мицкоски.
Македонија
Инспекцијата за животна средина на Град Скопје при вонреден надзор во општина Сарај затече запалена дива депонија

„Денес инспекцијата за животна средина на Град Скопје при вонреден инспекциски надзор во Општина Сарај затече запалена дива депонија составена од опасен отпад и градежен шут“, извести Град Скопје.
Локализиран е пожарот по брзата интервенција од страна на Противпожарната бригада на Град Скопје, а дополнително затечени се палења на стрништа во Крушопек и Лака, а сторителите се санкционирани. Во изминатата недела инспекторите за животна средина и комуналните инспектори на град Скопје имаат изречено казни на над 100 сторители“, велат од Град Скопје.
Македонија
Вонреден инспекциски надзор на реонот Смилковско Езеро, затекнати три лица кои согорувале отпад

Денес инспекцијата за животна средина на Град Скопје, изврши вонреден инспекциски надзор на реонот Смилковско Езеро, каде затече три лица со живеалиште во општина Бутел, како на дива депонија која сами ја направиле согоруваат отпад со што се загрозува животната средина и здравјето на граѓаните. Во изминатата недела инспекторите за животна средина на град Скопје и комуналните инспектори имаат изречено казни на над 100 сторители, извести Град Скопје.
„Нашите инспектори продолжуваат со засилениот инспекциски надзор на терен 24 часа, со цел намалување на аерозагадувањето и заштита на животната средина. Неселективно се изрекуваат казни за сите што не го почитуваат законот. Континуирано поднесуваме кривични пријави за исфрлање и согорување опасен отпад и загрозување на животната средина, за кривична одговорност против сторители затекнати како исфрлаат опасен отпад, азбестни плочи и друг градежен отпад, меѓу кои и опасен канцероген отпад.
На територијата на Скопје покрај Инспекторатот на Град Скопје, има уште вкупно 14 институции кои имаат надлежност и обврска да постапуваат при загадување на животната средина и загрозување на здравјето на граѓаните. Досега единствено градот Скопје реагира, додека останатите не постапуваат иако за истото имаат законска обврска“, соопшти Град Скопје.