Македонија
Социјален велосипедски центар „Педала“ во Скопје

В среда, 29 август во Скопје, ќе биде отворен социјалниот велосипедски центар „Педала“ на улицата Њуделхиска бр. 4 кај плато меѓу зградите зад „Веро“ во Тафталиџе.
„’Педала’ ќе им овозможи на велосипедистите на Скопје пристап до професионални алати за поправање велосипед; организација на работилници за одржување велосипед, справување со проблеми со дупнати гуми, проблеми со брзини, проблеми со кочници, изработка на калници и ред други работилници со образовен, но, пред сè, дружбен карактер. Во ‘Педала’ секогаш има искусни велосипедисти, волонтери, кои се спремни да дадат совет или помогнат со проблемите што може еден велосипедист да се сретне“, велат иницијаторите на проектот.
„Покрај сервисно-дружбените активности ,во ‘Педала’ имаме и хуманитарни активности, па, така, веќе ни донираа два велосипеда, кои треба да ги средиме, и понатаму да ги донираме на лица што имаат потреба, а немаат можност да си купат велосипед“, вели Ранташа Бојан, еден од иницијаторите на „Педала“.
Александра Герчакова вели дека социјалниот велосипедски центар „Педала“ е предвидено да се финансира преку членарина, котизации за работилниците и преку донации кога луѓето ќе се послужат со нивните услуги. „Членарината ни е симболична од 1.200 денари годишно, тоа се 100 денари месечно, за да се покријат трошоците на опстанок, а во духот на ‘Педала’ студенти и социјално загрозени лица имаат далеку пониски членарини, односно бесплатно членство“, рече таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Повеќе улици во Скопје утрово без струја

ЕВН Македонија известува дека утрово без електрична енергија се неколку делови од Скопје.
· во периодот од 05.00 до 13.00 часот, објектите на Сковин, живинарска фарма, Гама Градба, Беровиќ Бетон и Грин Екофарм во Маркова Сушица. ( општина Студеничани )
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Козара бр. 68, Киро Гавриловски бр. 3 и бр. 5, објектот на ОУ Киро Глигоров како и објектите околу него. ( општина Центар )
· во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. 519 и Миодраг Илиќ во населба Керамидница. ( општина Гази Баба )
· во периодот од 08.15 до 13.00 часот, корисниците од ул. Франце Прешерн – непарни броеви, Иван Цанкар – парни броеви и Вангел Дину. ( општина Карпош )
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. Момин Поток. ( општина Карпош )
Македонија
Сончево и малку посвежо, од сабота следува период на многу топло време

Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Од сабота следува период на сончево и многу топло време со пораст на дневните температури. Особено топло ќе биде во првата половина од следната седмица.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.