Македонија
Социјални пакети за помош на 50 домаќинства од Карпош

Во финална фаза е подготовката на 50 социјални пакети, со храна и средства за хигиена, за 50 ранливи домаќинства од Карпош. Денеска пакетите се подготвуваа во пунктот на Црвен крст во Момин Поток. Прехранбените продукти и средства за хигиена се набавени од страна на компанијата „СМС ШОПС ДООЕЛ“.
Локалната самоуправа искажува благодарност до оваа општествено одговорна компанија и ги повикува сите други, правни субјекти, да се вклучат во поддршка на заедницата.
Во претстојниот период ќе бидат доделени уште 30 социјални пакети за помош на социјално загрозените домаќинства, како резултат на соработка меѓу Општина Карпош и Црвениот крст.
Овие хуманитарни активности имаат за цел да го олеснат живеењето на граѓаните, во период на пандемијата со Ковид – 19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
И ВМРО-ДПМНЕ го повика Обвинителството да го провери случајот со сертификатот на Христовски, а ако не е вистина СДСМ да се извини

И владејачката ВМРО-ДПМНЕ го повика Обвинителството да го провери случајот со сертификатот на Христовски, а доколку испадне дека нема вистина, СДСМ јавно да се извини.
Реакцијата следи по прес-конференцијата на Социјалдемократите на која беше побарано од ОЈО повторно да го истражи случајот со сертификатот за англиски јазик на директорот на АНБ, Бојан Христовски.
ВМРО-ДПМНЕ повтори дека судиите и обвинителите се сè уште истите што ги избрал СДСМ, а доколку имаат нешто противзаконски за Христовски први ќе го повикаат за разговор.
Владејачката партија вели дека завршено е времето на „овој ми е брат“ или „од партија е не го чепкај“, па сега секој еден без разлика на партиска, верска или етничка припадност, ќе си одговара за одредена работа доколку постојат докази.
Македонија
ЗНАМ очекува до крајот на месецот да ги заврши преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за взаемна поддршка на некои кандидати за градоначалници

ЗНАМ на локлните избори ќе настапи самостојно, како на советничките листи, така и за изборот на градоначалници. Со ВМРО-ДПМНЕ преговара за поддршка на кандидатите за градоначалници во некои општини.
Портпаролот на партијата Никола Мемов, рече дека во тек се разговори со нивниот владин партнер ВМРО-ДПМНЕ и очекуваат тие разговори да завршат кон крајот на месецот.
„Разговараме за повеќе општини, дефинирано е Куманово, неколку општини во Скопје и повеќе помали општини низ цела држава. Кога ќе завршат разговорите, кога ќе го имаме конечниот договор со владиниот партнер, низ процедурите на органите на партијата ќе бидат дефинирани кандидатите и ќе бидат соопштени во јавноста“, изјави Мемов.
Прашан што точно преговараат со ВМРО-ДПМНЕ, односно дали ќе одат со заеднички кандидати, со заеднички листи или пак се преговара за поддршка во втор круг, портпаролот на ЗНАМ изјави дека партијата на овие избори ќе настапи самостојно, како на советничките листи, така и за изборот на градоначалници.
„Таму каде што ќе имаме кандидат за градоначалник од ЗНАМ, во договор со владиниот партнер ВМРО-ДПМНЕ, тој ќе биде поддржан од нивна страна и тие нема да имаат кандидат во тие општини. Зборуваме за целосна взаемна поддршка на кандидатите уште во првиот круг“, рече Мемов.
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија на денешната прес конференција информираше и за одлуките на Централниот одбор, во проширен состав, на вчершната седница, меѓу кои едногласна одлука за почеток на вториот бран на активности, под мотото: „Со срце за нашата општина“, како и а отпочнување постапка за евидентирање на кандидати за советници за локалните избори.
„Само чесни и посветени луѓе, со силна морална и етичка основа, ќе го понесат товарот на одговорноста пред државата и граѓаните. Критериумите за истите се јасни и недвосмислени: етички капацитет, јасна заложба за заштита на државните интереси, почитување на сите етнички заедници, посветеност на европските вредности“ рече портпаролот на партијата Никола Мемов.
Најави дека караванот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ќе го посети секое населено место, ќе влезе во секоја месна заедница и заедно со граѓаните ќе ја напише програмата за локалните избори.
На вчерашната седница, Централниот одбор го назначил Горан Минчев, генералниот секретар на партијата, за шеф на Централниот изборен штаб. Одлука, која како што нагласи Мемов, се темели на резултати.
Мемов на прес конференцијата ги информираше новинарите и за Вториот изборен Конгрес што ќе се одржи за седум дена, на 29 јуни, во недела, а на кој ќе бидат избрани претседател на партијата, нов состав на Централниот и Надзорниот одбор, со полн четиригодишен мандат.
Македонија
Вработениот во Народната банка се сомничи дека го зел синиот ранец со пиштолот со кој се убиени Вања и Панче, покрената е истрага

Обвинителството покрена истрага за помагање за З.Д., вработениот во Народната банка, член на партијата на Љупчо Палевски, Десна, кој беше посочен oд Велибор Манев како човекот кој го зел ранецот со пиштолот и моторолите – клучни докази за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
„Согласно исказот на еден од обвинетите, сега осомничениот помогнал со прикривање на орудијата со кои се извршени кривичните дела за кои е пропишана казна доживотен затвор. По пренесени инструкции од првообвинетиот, осомничениот од просториите на политичката партија Десна зел еден син ранец во кој се наоѓало огнено оружје пиштол – со кој биле извршени двете кривични дела и го отстранил од партијата. Со тоа им помогнал на обвинетите да не бидат откриени“, велат од Обвинителството.
Се додава дека со цел проверка на наводите, јавниот обвинител обезбедил и судски наредби со кои биле извршени претреси на две локации, а се преземаат и други истражни дејствија.
Со цел обезбедување на осомничениот до завршување на постапката, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост – привремено да му се одземе патната исправа и да се определи забрана за нејзино издавање, како и да се определи повремено да се јавува кај службено лице во судот.
Од Обвинителството појаснија дека истрагата против ова лице претставува посебен предмет кој не влијае на судската постапка за двете грабнувања и убиства која е во завршна фаза.