Македонија
Со автоматски пушки убиле еден, а тешко раниле уште еден во Батинци, поднесени се кривични пријави
Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против С.Н.(32) и М.Џ.(24) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство” по член 123 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали” по член 396 од Кривичниот законик.
Како што информира МВР, по преземени мерки и активности во координација со јавен обвинител, утврдено е дека на 01.07.2024 во с.Батинци, скопско, пријавените со автоматски пушки пукале кон возилото „форд“ во кое биле А.Б.И.(34) и З.И.(31), двајцата од с. Црн врв, при што на местото починал А.Б.И., а З.И. се здоби со повреди и беше пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар Скопје.
Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, исто така, поднесе кривична пријава и против В.И.(26) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
По преземени мерки било констатирано дека на 17.07.2024 на подрачјето на чаир во Скопје, тој со пиштол пукал кон Д.Б.(31) и му нанел тешки телесни повреди
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

