Македонија
Со богата едукативна програма и стипендии почнаа уписите на СИТИ колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот „Јорк“
СИТИ Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк ги отвора уписите за нови студенти за академската 2025/26 година. И оваа година студиската програма на СИТИ Колеџ нуди разновидна програма составена од компетитивни студии како Бизнис администрација и економија, Психологија, Компјутерски науки, Студии по англиски студии, Општествени и хуманистички науки и Комуникации и дигитални медиуми.
Студиските програми на СИТИ Колеџ се динамични и современи, базирани врз најновите достигнувања во индустријата и прилагодени на потребите на современиот пазар на труд. Со ваков пристап студентите се едуцираат со теоретско знаење, но и со практични и технички вештини што овозможува да стигнат до применливо образование и ценети и барани професионални компетенции.

Со запишување на СИТИ Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, новите студенти
добиваат можност да учат од истакнат академски кадар и предавачи со меѓународни квалификации, кои преку теоретски и практични методи ги пренесуваат знаењата и експертските вештини. Како дополнување на предадените знаења и вештини, Европскиот кампус им нуди на студентите и можности за истражување како основен принцип во образовниот процес, што е уште една придобивка од образованието на оваа институција.
Со студирањето на СИТИ Колеџ студентите се стекнуваат со диплома од Универзитетот Јорк. Дополнително, СИТИ Колеџ за студентите од Северна Македонија обезбедување можности за стипендирање за додипломски и постдипломски студии на оваа престижна високообразовна институција.

СИТИ Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк е лоциран во Солун, Грција, со академска мрежа којашто е воспоставена и распространета во уште 8 земји со што претставува уникатна меѓународна институција која ги поврзува академските, истражувачките, националните и корпоративни мрежи низ целиот регион. СИТИ Колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк има статус на меѓународен кампус на овој универзитет и е дел од заедницата на Универзитетот Јорк. Универзитетот Јорк е водечка британска академска институција, член на престижната Russel група, со златна награда за
своите наставни методи според TEF (Teaching and Excellence Award) 2023 и рангиран на 146тото место во светот според Times Higher Education 2025.
Уписите и рокот за поднесување апликации се веќе отворени, а повеќе информации за заинтересираните кандидати се достапни на линкот.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот, улица Бунарџик. (Општина Илинден)
– во периот од 09-00 до 15-00 часот, дел од корисниците на улиците: Мице Козар и Ѓуро Салај. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во текот на ноќите и во утринските часови ќе има појава на магла на одредени места и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.
Македонија
Сообраќајот на граничниот премин Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално
Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

