Македонија
Со многубројни гости од среда почнува роденденската недела и културното лето во Кисела Вода
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес одржа прес-конференција посветена на 69-тиот роденден на општина Кисела Вода, како и на традиционалното културно лето.
Со слоганот „69 години Кисела Вода, храброто срце на градот“ в среда почнува роденденската седмица, која ќе биде одбележана со разни случувања – од капитални инфраструктурни проекти до музички и културни манифестации.
На повеќе сцени – на Три Круши, во паркот пред салата „Расадник“, но и во парковите „Македонија“ и Шопен“, ќе се одвиваат голем број настани, кои годинава, како што истакна Ѓорѓиевски, се замислени како цели фестивали со повеќе изведувачи.
Акцентот е ставен најмногу на македонските изведувачи, но има и звучни гости од Србија.
Од 26 до 29 јуни публиката ќе може да ги види Ламбе Алабаковски, Огнен Здравковски, Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски, Александар Тарабунов, КУД „Китка“, „Два бона“, „Пајак“, Ѓорѓе Давид, Ивана Петерс и „Бресквица“, а за роденденот на општината на 29 јуни е предвиден голем концерт на „Суперхикс“ со пријателите – Дани Димитровска, Битолскиот камерен оркестар, „Ја, Дека и Зека“ од Војводина, „Фолтин“, „21 век“ и многу други.
Гостинот од Србија, Ѓорѓе Давид, упати благодарност за гостопримството и истакна дека секогаш е расположен за соработка со македонски артисти, кои исклучително ги цени.
„Со мислата ‘Иднината им припаѓа на оние што веруваат во убавината на своите соништа’ сакам да го почнам моето денешно излагање бидејќи со овој дух, во последните три години, Кисела Вода прерасна во лидер во реализацијата на иновативни проекти, со храбри чекори, кои инспирираа многу други општини да го следат нашиот пример. Оттука, годинешниот слоган ’69 години Кисела Вода, храброто срце на градот’ ги рефлектира токму храброста и волјата со кои ја водиме нашата општина.
За роденденот на Кисела Вода веќе традиционално ќе доделиме статуетки – клучеви за најзаслужните, кои дале свој белег во афирмацијата и растежот на нашата заедница. Воедно, сите талентирани ученици, кои освоиле награди на меѓународни натпревари во разни области од науката и спортот, ќе добијат парични награди на свечената седница на Советот на Општината.
Веќе споменав дека во овие седум дена ќе бидат реализирани и повеќе капитални инфраструктурни проекти, кои беа долгоочекувани од жителите и за кои знаеме дека ќе бидат многу задоволни“, рече градоначалникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Потпишан Меморандум со највисоко рангираните универзитети во Македонија за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, објави Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Град Скопје, заедно со највисоко рангираните универзитети во Македонија потпишаа Меморандум за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, со што академската заедница официјално се вклучува како активен и рамноправен партнер во овој значаен европски културен процес, информираат од Град Скопје.
Со Меморандумот се потврдува јасната европска ориентација на универзитетите и нивната улога како двигатели на знаење, креативност и иновации, како и нивната општествена одговорност во развојот на заедницата. Вклучувањето во „Скопје 2028“ отвора можности за интеграција на културата во наставните и истражувачките програми, поттикнување на студентската креативност и младинскиот ангажман, развој на интердисциплинарни и меѓународни партнерства и зголемување на академската видливост на европско ниво.
Академската заедница останува посветена на активна, професионална и визионерска улога во реализацијата на „Скопје 2028“, со цел зајакнување на европските вредности, продлабочување на интеркултурниот дијалог и создавање одржлива, солидарна и креативна иднина за Скопје и Македонија.
Македонија
Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели на миграција“ (Skills4Justice), спроведен во рамките на програмата на ЕУ за истражување и иновации Хоризонт Европа (HORIZON Europe). Настанот се одржа на Економскиот факултет при УКИМ, како национален координатор на истиот.
Во своето воведно излагање, таа истакна дека одливот на младите високообразовани и компетитивни македонски кадри е една од најголемите закани за македонскиот општествен развој, со сериозни демографски, економски, политички, научни и културни последици.
Според неа, со сè помалубројна и послаба епистемолошка заедница (професори, истражувачи, новинари-аналитичари, културни дејци), тешко е да се креираат добри политики во различни области.
Најдобрите си заминуваат во потрага по подобар живот, но и заради недостиг на меритократија (потценето знаење, талент, вештина и креативност), како и отсуството на владеење на правото и правдата при вработувањето и напредувањето, смета таа.
За неа, напливот на високообразовни институции со сомнителен квалитет, како и партизацијата и непотизмот, продуцираат некритична и послушна ,,интелигенција”.
Таа истакна дека борбата со егзодусот на најдобрите треба да почне со реформи во основното и средно образование, преиспитување на високообразовната мрежа и заострени критериуми при избор и кариера.
На крајот, претседателката укажа на потребата од воведување дуално образование во сите степени, преиспитување на преоптоварената високообразовна мрежа, организирање заеднички студии и проекти со други универзитети, ангажирање на македонските умови од дијаспората со помош на вештачката интелигенција и дигитализација.
Македонија
СДСМ: Македонија сака во ЕУ а ВМРО изолација
Македонските граѓани во големо мнозинство, над 70% сакаат членство во ЕУ. Додека Мицкоски и ВМРО намерно ја туркаат земјата кон изолација, далеку од ЕУ, истакнуваат од СДСМ.
„Известувачот за Македонија, Томас Вајс денеска изјави дека мора да се исполнат реформи и условот со уставни измени за да продолжи европскиот пат на земјата, при презентирањето на нацрт-извештајот за 2025 година.
Евроамбасадороот Михалис Рокас вчера беше дециден дека нема членство во ЕУ без право на глас и без право на вето.
Со ова, приказните на Мицкоски се разобличени целосно.
Исто како и празната националистичка реторика која веќе не поминува“.
Граѓаните, додаваат од СДСМ, го гледаат Мицкоски седнат во авион како се лукзуора на нивна сметка, со скапи часовници од 60.000 евра, со тендери како томбола за бизнис.
Тоа, како што оценуваат, е личен финаниски патриотизам.
„Зборува за меко ткиво а не знае дека и мозокот е меко ткиво.
Мицкоски, граѓаните имаат мозок“.

