Македонија
Со вонредни летови од Берлин и Келн, вратени над 90 македонски државјани

Авиокомпанијата „Визер“ вчера спровела нови вонредни летови со кои превезени се повеќе од 90 македонски државјани од Германија (Берлин и Келн) кои биле заглавени поради пандемијата со Ковид-19.
Како што информираат од компанијата, овие летови се резултат на соработката помеѓу „Визер“ и Владата, со цел навремена и брза помош на патниците кои имаат потреба.
„Првиот лет беше од Скопје до Берлин, слетувајќи на дестинацијата во 13:30 часот по локално време. Оттаму се упати до Келн и потоа се врати во Скопје, каде слета во 18 часот по локално време. Повеќе од 90 македонски патници беа на летот за Скопје, со што вкупниот број македонски државјани на кои ‘Визер’ им помогнаво изминатава недела е над 460, откако беа превезени македонски патници уште на два вонредни лета, кои се реализираа на 27 март“, информираат од компанијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради менување на водоводен вентил од Ф 1” (Цол) на улицата 1732 бб спроти сала Маракана Градски Парк, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од Градско Собрание, Маракани Клуб Работнички во општина Центар.
Водоснабдување ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интезитет бележиме во Берово кој во моментов не преставува пречка за сообраќајот, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Чучер Сандево и Студеничани денеска без струја

ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од село Горно Оризари, Каменолом Гаранит, село Глуво, село Бразда и село Голиево во општина Чучер Сандево;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од делот кај општината Студеничани.