Македонија
Со кампања „Делувај сега, за природата“ ќе се заштитуваат шумите

По повод одбележувањето на Светскиот ден на заштита на природата, првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, денеска на настан во Парк – шумата Гази Баба официјално ќе го означи почетокот на кампањата „Делувај сега, за природата“.
Кампањата, како што соопштуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе се спровдува преку различни активности во текот на целата година и има за цел да поттикне позитивни и одговорни однесувања во природата, да го поттикне волонтерството и грижата за природата која значи живот, подобро здравје, место за релаксација и одмор, а воедно е и дом на богат животински и растителен свет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кузмановски: Младите ќе бидат во фокусот во Демир Хисар

Кандидатот за градоначалник на Демир Хисар од СДСМ, Златко Кузмановски, на граѓанска трибина порача дека е време за промени и чесно, отчетно раководење.
Кузмановски најави мерки за младите, меѓу кои младински центар, поддршка за претприемништво, субвенции и практикантски можности, но и финансиска поддршка за учениците и ослободување од партиципација за деца од социјално ранливи семејства.
Тој истакна дека Демир Хисар мора да стане општина која е отворена и транспарентна, посветена на културата и историјата, со уредување на спомен-паркот на Даме Груев во Смилево и локалните патишта до него.
„Ветувам работа, напредок и иднина. Изборите не се само за градоначалник, туку за тоа каков Демир Хисар сакаме,“ рече Кузмановски.
Македонија
Обилни дождови, студ и снег на планините – од среда промена на времето

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималните температури ќе се движат од 5 до 14, а максималните од 17 до 24 степени.
Во Скопје ќе преовладува слично време – променливо облачно со сончеви периоди и слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 22 степени.
Од среда попладне до петок се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд, локално пообилни над 30 литри на метар квадратен. Во четврток и петок, со продор на постудена воздушна маса и засилен северен ветер, на повисоките планини ќе има услови за повремен снег. Температурите значително ќе опаднат.
За време на викендот се очекува стабилизирање на времето и постепен пораст на дневните температури.
Македонија
Судот оваа недела ја завршува оценката на обвинението за „Пулс“

Скопскиот Кривичен суд најави дека до петок ќе ја донесе одлуката дали обвинението за пожарот во кочанската дискотека ќе биде прифатено. Судиите треба да утврдат дали актот е јасен, правно издржан и поткрепен со доволно докази.
Постапката се одолговлекуваше поради тоа што дел од адвокатите на обвинетите не биле достапни за прием на документацијата, но сега, според судот, сите рокови истекуваат на 3 октомври.
Премиерот Христијан Мицкоски изрази незадоволство од начинот на кој обвинителството ја води постапката и порача дека сите поврзани со случајот мора да одговараат. Од опозициската СДСМ, пак, обвинија дека власта ги штити своите функционери кои биле чести гости во дискотеката.
Во пожарот загинаа 62 млади луѓе. Паралелно се води и истрага за 29 полициски службеници, за кои сè уште се анализираат доказите.