Македонија
На непристапен терен со силен оган, надлежните се борат од воздух – леталата ја формираат линијата на пресек кај Јасен

Шумскиот пожар во непристапниот терен кај Јасен е повторно активиран, а слабиот дожд не беше доволен за негово сопирање. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, извести дека во акцијата се вклучени армијата, Националните шуми, пожарникари и вработени во Јасен.
„Благодарност до армиските волци и ренџери кои вчера придонесоа горниот крак да биде целосно изгаснат, со силна поддршка на останатите тимови. Врз пожарот дејствуваме со три летала. Целта е денес да го стопираме движењето на овој исклучително тежок пожар, бидејќи теренот е непристапен. Имаме силно горење и недоволно кислород, ризично е да се пуштат луѓе“, изјави Ангелов.
Тој додаде дека со леталата ќе се обидат да направат линија за пресек на пожарот, а на другата страна, армиските специјалци се подготвени да интервенираат ако огнот се прошири.
Повеќе информации се очекуваат попладне.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Цената на горивата не се менува, одлучи РКЕ

Од ноќеска на полноќ, цената на горивата останува иста, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 30.9.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 37,591 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менуваат.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,644 ден/кг и сега ќе изнесува 37,591 ден/кг.
Македонија
(Видео) Андоновска: Криминалците се шетаат слободни, судиите со два проценти доверба ја оправдуваат својата послушност кон СДС и ДУИ а народот останува без правда

За горење на 14 живи луѓе – 1,5 година, за кубење коса – 4 години затвор, тоа е судството отворено како пупка што го создаде СДС, кажа на прес-конференција Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.
Судството под команда на СДС и ДУИ, како што истакна, даде вкупно 3 години затвор, за 14 живи изгорени луѓе во модуларната во Тетово.
„По 1,5 година за двајца директори на Тетовската болница, а Венко Филипче не беше повикан ниту на информативен разговор.
За губење на човечки животи казни како за прекршок, а за кубење коса се добива и до 4 години затвор. Апсурд кој постои само во судството под диктат на СДС и ДУИ“.
Според неа, судиите со 2% доверба ја оправдуваат својата послушност кон СДС и ДУИ, а криминалците се шетаат слободни. Народот останува без правда.
Во нормална држава, Филипче одамна ќе беше зад решетки. Кај нас, тој сега води партија и ветува подобар живот за сите, а претходно за жал, 14 животи скрати, поради 20% анекс на договор.
Ова е судството на СДС. Одгворност за нивни членови, нема. Време е за вистински реформи и одговорност“, порача Андоновска.
Македонија
(Видео) Струмичани се уморни од локални шерифи и прочитани лица, вели Манасиевски

Паниката на СДС во Струмица расте, тепачи и насилници на нивните листи се последниот обид за спас.
Ова е вистинското лице на СДС, насилство, тепање и силеџиство. Со години ја цедеа и уништуваа Струмица и сакаат да продолжат да владеат со неа преку ширење на страв, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо чесни луѓе, додава тој, тие ставаат на листи осомничени, локални шерифи и силеџии.
„Тоа е нивниот бренд. Тоа е нивната политика.
Да им биде јасно на СДС, Струмица не е нивна приватна сопственост. Струмичани се уморни од локални шерифи и прочитани лица. Струмичани сакаат вистински промени“.