Македонија
Со огномет одбележана 242-годишнина од независноста на САД

Со спектакуларен огномет во Американската амбасада во Скопје вечерва беше одбележан 4 јули, Денот на независноста на САД. Годинава одбележувањето беше во знакот на џинсот и сината, белата и црвената боја, кои го симболизираат американското знаме.
На прославата беа присутни премиерот Зоран Заев, министри, пратеници, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, речиси целиот тим на СЈО, судии, обвинители, новинари, амбасадори…
„Постигнат е значаен прогрес минатата година и во очекување сме на добри вести од НАТО-самитот следната недела“, рече амбасадорот Џес Бејли на отворањето и додаде дека за една година е постигнат огромен напредок.
Бејли ги пофали договорот од Преспа и договорот за добрососедство со Бугарија. Одбележувањето на 242-годишнината на независноста на САД помина опуштено со музика и неформално дружење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Гази Баба денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затварач од ф – 2,5 “ на улицата 16 – та Македонска Бригада б.б без вода ќе останат дел од корисниците од улиците 16-та Македонска Бригада, Лазар Поп Трајков, Трифун Хаџи Јанев и Јани Лукровски, општина Гази Баба.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 08.30 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Денеска сончево и многу топло, од среда значително опаѓање на дневната температура

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степен.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југозападен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 41 степен.
Времето во наредните денови
Поради продор на посвежа воздушна маса од север и засилен северен ветер (над 60 km/h) во среда, а особено во четврток ќе има значително опаѓање на дневната температура (од 8 до 10 степени). Во среда претежно во северните делови ќе има услови за повремен дожд, а во петок локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во деновите од викендот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а дневната температура ќе биде во пораст.
Македонија
Нормализиран сообраќајот од и кон Граничниот премин Блаце

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека вечерва е нормализиран сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце.
Граѓаните можат непречено да се движат во двата правци, а нормално функционира и граничниот премин Блаце, велат од МВР.