Македонија
Со предложениот закон од ДУИ казина може да има и во училишните дворови, велат од коалицијата „Вреди“
Какви тајни крие овој закон, кој Груби и партијата на зелената агенда сакаат тајно да го прошверцуваат, еднаш со европско знаме и еднаш со сицилијанско знаме, прашуваат од коалицијата „Вреди“.
„Ние ќе им кажеме ‘стоп’ затоа што оваа измама не смее да помине. Односно, предлог-законот на ахметистите во член 10 предвидува отстранување на објектите на обложувачниците, но не и на казината, на минимално растојание од 500 метри од објектите на средните и основните училишта. Со предложениот закон казина може да има и во училишните дворови. Односно, член 10 прави поделба и брои само неколку видови игри на среќа оставајќи простор за да процветаат уште повеќе ‘казина- масакри%. Овој член намерно не ги покрива казината.
Со донесувањето на овој закон Артан Груби наводно ќе затвори неколку обложувачници за да му отвори пат на бизнисот на казината исклучиво за една екипа на српското подземје. Значи, ‘да’ на Русија преку Србија. Уште еднаш повторувам, членот за отстранување на игрите на среќа 500 метри од училиштата не ги вклучува казината. Значи, тие не само што нема да се намалуваат туку ќе се множат, со што ќе се зголеми бројот на апарати за да ги одерат уште повеќе граѓаните. Итно бараме од сицилијанскиот клан да тргне рака од масакрирање на нашето население“, додаваат од коалицијата „Вреди“.
Итно бараат, како што велат, не само 500 метри, туку целосно да се отстранат и не само обложувачниците, туку и казината.
„Покрај проектот ‘казина во секоја уличка’, Артан сега успешно го спроведува проектот казина во секоја куќа давајќи 4 лиценци за онлајн-казина на компании, каде што партнер е Прпарим Бајрами, сега добро позната личност, која ги извршува наредбите на кланот. Прашуваме јавно – вреди ли целиот овој масакр на народот?“, прашуваат од оваа коалиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска-Давкова: Времето на жените доаѓа, срамота е што 30 години сме немале жена претседателка или премиерка
Во рамките на активностите на кандидатката за претседателка на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, таа се обрати на трибината на тема „Жени“ која се одржа во Јавна соба.
„Во мојата програма има посебен дел посветен на жените. Подолго светот живеел како патријархат отколку матријархат. Повеќе жени во политика, повеќе гаранции за помалку насилство. Срамота е 30 години да не сме имале жена претседателка, жена премиерка. Да им ставиме крај на Венецијанските трговци“, порача Давкова.
Како што додаде, жените имаат што да покажат, имаат вулканска сила и мажите треба да се инспирираат од нив.
„Времето на жените доаѓа. Сега е време за машка еманципација. Македонија е во женски род, политиката е во женски род. Женскоста е квалитет неискористен. Промените наскоро доаѓаат“, рече Давкова на трибината.
Македонија
Оштетени билборди и рекламни паноа на политичка партија во Тетово
Вчера на улицата ,,Киро Ристовски-Дрнц” и на улица „Маршал Тито” во Тетово биле оштетени билборди и рекламни паноа од парламентарните избори од една политичка партија.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР.
Македонија
Демократски сојуз предлага платите на полицајците да бидат колку оние на обвинителите и судиите
Демократски сојуз на сите полицајци и припадници на службите за безбедност, им го честита 7 Мај, ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТА и им посакува успешно извршување на сложените безбедносни задачи.
Празникот се совпаѓа и со изборите за претседател на државата и за пратеници, каде за жал, како што велат од патијата, улогата на полицијата е клучна за обезбедување стабилност и услови за мирни и фер избори.
„Овие денови се клучни за да спречите нерегуларности, притисоци, купување на гласови, организирање на „Бугарски воз“ или нарушување на изборниот процес на кој било начин (насилство итн). Инаку полицијата и службите за безбедност извршуваат тешки, одговорни и сложени безбедносни задачи, но последните години се со ниски примања. Така, главен оперативец задолжен за спречување и откривање на тешки кривични дела прима плата од околу 45 илјади денари, а јавен обвинител околу 130 илјади денари“, додаваат од партијата на Павле Трајанов.
Предлагаат двојно зголемување на платите на полицијата и нивно усогласување со платите на обвинителите и судиите.