Македонија
Со уметност против дезинформациите дека Земјата е рамна плоча, а глобалното затоплување мит
Кога ќе се спојат уметноста и дезинформациите како феномен на кој овие простори паѓаат на испит, тогаш го добиваме уметничкиот поглед на Маја Танева – уметница што ги разложува овие дезинформации и го негира нивното постоење. Социјалните мрежи се полни со лажни вести, кои го негираат глобалното затоплување и климатските промени. Нападнати сме од дезинформации во кои глобалното затоплување, а често и климатските промени се опишуваат како светски заговор и нешто што не постои, туку само треба да ги застрашува луѓето.
Тогаш на сцена стапува „уметноста на факти“ на Маја Танева, која тргнува од наједноставниот лажен наратив од оваа тематика, прочуените приказни дека Земјата е рамна плоча, за преку визуелно едноставен и експлицитен модел да ја заинтересира публиката не само за темите на глобалното затоплување и климатските промени туку преку таа уметност да ги дебанкира дезинформациите и лажните вести.
Во оваа акција на Танева се земени и обработени седум од десетте најексплицитни и научно докажани факти, кои го потврдуваат глобалното затоплување и постоењето на климатските промени, кои, за жал, се случуваат пред нашите очи.
Фактите цитирани во инсталацијата се преземени од списанието „Национална географија“ (National Geographic) и се дел од нивните текстови и истражувања.
За полесно разбирање на проблематиката на климатсктие промени, но и лажните вести и наративи штого негираат нивното постоење авторката директно и наративно ги упатува посматрачите на седум значајни факти, кои го потврдуваат постоењето на климатските промени.
Акцијата/инсталацијата „Земјата е рамна плоча, а глобалното затоплување е мит“ е просторна инсталација работена во мешани медиуми, која е поставена на плочникот на трговскиот центар „Бисер“ (страната кај пазарчето) во Аеродром во Скопје.
![]()
Факти за климата:
– Зголемување на глобалните температури:
Просечната температура на површината на планетата Земјата е зголемена за 1,1 Целзиусов степен во последните 130 години.
– Покачување на нивото на морето:
Глобалното ниво на морето е зголемено за 20-ина сантиметри во минатиот век. Овој пораст се припишува и на топењето на мразот и на термичката експанзија на морската вода додека се загрева.
– Зголемено ниво на CO2:
Нивото на јаглероден диоксид во атмосферата е зголемено од 280 делови на милион (ppm) пред индустриската револуција на над 410 ppm денес. Ова е најголемата концентрација во последните 800.000 години, врз основа на податоците добиени од мерењата на CO₂ во леденото јадро на планетата.
– Повлекување на глечерите:
Глечерите во светот се намалуваат. Ова ги вклучува ледените плочи на Гренланд и Антарктикот, како и помалите глечери на секој континент. Во периодот од 2000 до 2015 година секоја година се губеле 267 гигатони глечери, а во периодот од 2015 до 2020 година тој број е зголемен на 298 гигатони годишно.
– Екстремни временски настани:
Постои докажано и јасно зголемување на зачестеноста и интензитетот на екстремните временски настани со промената на климата како резултат на затоплувањето.
– Смалување на арктичкиот морски мраз:
Обемот на арктичкиот морски мраз е значително намален, при што ледената покривка на мразот е намалена речиси 13 % во однос на доцните 70-ти.
– Промени во рутите на миграцијата на дивиот свет:
Многу видови ги менуваат своето однесување и моделите на миграција како одговор на променливите температури и екосистеми.
– Одмрзнување на вечниот мраз (Permafrost):
Вечниот мраз во поларните региони се топи ослободувајќи метан, моќен стакленички гас, во атмосферата. Ова го забрзува глобалното затоплување и може да предизвика значителна инфраструктурна штета во овие региони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

