Македонија
Со фотографирање пред МНТ почна славењето на 23 Октомври
Со фотографирање пред Македонскиот Народен Театар започна свечената прослава на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по повод одбележување на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.
Според најавите, околу 19 часот пред партиските функционери и симпатизери ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.


Во салата веќе се присутни членовите на Извршниот комитет, Трајко Славевски, Тони Михајлоски. Пристигнаа и Михајло Манески и Владимир Пешевски, како и пратениците Антонијо Милошоски и Владимир Ѓорчев.





Прославата се случува еден ден откако синоќа Централниот комитет одлучи да достави предлог за исклучување на партијата на ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков и поранешниот министер за здравство Никола Тодоров оти ги убедувале пратениците да гласаат за промена на Уставот, предвидена со Преспанскиот договор.
Од функцијата потпретседател на партијата беше разрешен и актуелниот градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, како и членот на извршниот комитет Костадин Богданов.
Потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николовски по исклучувањето и разрешувањето рече дека партијата завршува со минатото и продолжува напред кон иднината силно и реформирано.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Карпош и Чучер Сандево денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Горно Нерези (општина Карпош), како и корисниците од селата Глуво и Мирковци. (општина Чучер Сандево )
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево и претежно тивко
Сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на неделата времето ќе биде сончево и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови на одредени места ќе има појава на магла. Максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.
Македонија
Средба на Сиљановска-Давкова со претставници од групата на АЛДЕ
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Алијансата на либерали и демократи за Европа (АЛДЕ) од Европскиот Парламент, учесници на меѓународната конференција „Quo vadis Europa 2025?”, што се одржа во Скопје.
Гостите ја потврдија јасната заложба на АЛДЕ за деблокирање на македонскиот евроинтегративен пат, како и брзо и целосно интегрирање на Западен Балкан во ЕУ, преку посегање по креативни решенија во овој исклучително тежок геополитички моментум.
Претседателката, низ призма на принципите и вредностите гарантирани со европските конститутивни акти, презентираше свои видувања и предлози за излез од блокадата.
Гостите изразија не само интерес, туку и подготвеност да помогнат во надминувањето на неодржливиот status quo во којшто се наоѓаме, преку иницирање можни решенија во рамките на Европскиот парламент.
Претседателката го поздрави конструктивниот пристап на АЛДЕ, во духот на европските демократски принципи и вредности.
На средбата присуствуваа Свења Хан, претседателка на АЛДЕ и германска европратеничка, Рик Дамс, потпретседател на АЛДЕ и поранешен претседател на Парламентарно Собрание на Совет на Европа, Весна Пусиќ, прва претседателка на Мрежата на либерали од Југоисточна Европа (ЛИБСЕН) и поранешна вицепремиерка и МНР на Хрватска, Моника Зајкова, претседателката на Либерално-демократската партија и Емил Кирјас, потпретседател на Либералната интернационала.

