Македонија
Спасеновски: Власта не инвестира во спортот, недостигаат спортски сали, игралишта и стратегија за спорт
Имаме проблем со спортската инфраструктура, односно изградба на сали и спортски игралишта за најмладите категории. Недостигаат и мулти функционални сали со кои би се добиле услови каде што спортистите ќе имаат можност да го подобруваат својот перформанс, вели Петар Спасеновски, член на Градски комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, неколкукратен добитник на медали во европските првенства во карате и долгогодишен македонски репрезентативец.
Тој на денешната трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово посветена на младинските политики истакна дека како што нема услови за да се развиваат идните генерации на спортисти, така нема услови и за професионалните спортисти кои што се соочуваат со елементарни проблеми, како што немањето здравствено и пензиско осигурување.
„Проблеми има и кај професионалните спортисти, меѓи кои и нерешениот статус како професионални спортисти, во кое спаѓаат здравственото, пензиското осигурување кои што ги немаме. Преку примери во повеќето европски, па и балкански земји кои решението го изнајдоа во вклучување на професионалните спортисти во институциите како полиција, војска, пожарна и овозможување на примања на некои придонеси и на тој начин, обезбедување на пензиско и здравствено осигурување“, рече Спасеновски.
Освен спортска инфраструктура за развој на спортистите и услови за професионалните спортисти, Спасеноски посочи дека на Македонија и недостига и стратегија за спорт.
„Ние како држава немаме стратегија за спорт која што е многу битна, бидејќи децата од мали нозе треба да се насочуваат кон спотрови кои што треба да ги користат. Тоа значи дека би требало ние да имаме свест за талентираноста и физичките предиспозиции кој што секое дете или човек ги има за занимавање со одреден спорт“, посочи Спасеновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

