Македонија
Спасовски – Агелер: И во наредниот период ќе продолжи интензивирањето на соработката
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер.
Спасовски на почетокот на средбата ѝ посака добредојде на амбасадорката Агелер посакувајќи ѝ успех на функцијата и изразувајќи благодарност на поддршката што владата на Соединетите Американски Држави со години ѝ ја дава на Македонија, конкретно на Министерството за внатрешни работи во јакнење на капацитетите и сите процеси што се спроведуваат преку проектите наменети за полицијата.
Како приоритети и цели на кои Министерството за внатрешни работи е целосно фокусирано изминатиов период и во периодот што следува, министерот Спасовски ги посочи: борбата против организираниот криминал и корупција, компјутерскиот криминал, миграцијата и борбата против тероризмот. Сите овие поставени цели на ниво на МВР успешно се спроведуваат и реализираат, а резултатите постигнати на тој план се на високо професионално ниво.
Спасовски и Агелер констатираа дека и во наредниот период ќе продолжат да работат на интензивирање на соработката меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и владата на САД преку Амбасадата на САД во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

