Македонија
Спасовски: Апликацијата „Стоп корона“ покажува дали сте биле во близина на заразен од коронавирус
Премиерот Оливер Спасовски упати апел до граѓаните да ја преземат мобилната апликација „Стоп корона“, која ја евидентира непосредната близина на заболен од Ковид-19 во изминатите 14 дена.
„Преземи ја апликацијата од https://stop.koronavirus.gov.mk/ и активирај блутут. Кога вашиот телефон ќе се најде во непосредна близина со телефонот на лице заболено од Ковид-19, кое исто така ја активирало апликацијата, оваа информација со ваша дозвола се евидентира во здравствениот систем. Заштити се себе и твоите најблиски. Помогни – заедно да го стопираме ширењето на коронавирусот. Од нас зависи“, порача Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Лидерите на ВЛЕН на инаугурацијата на Трамп: Албанците се и остануваат про-Американци, тесно поврзани со принципите на слобода и правда што ги претставуваат САД
„Лидерите на коалицијата ВЛЕН, присутни во срцето на инаугурацијата на претседателот Трамп, силно ја покажуваат својата посветеност на интересите на Албанците во Северна Македонија. Ова големо учество во светската престолнина, Соединетите Американски Држави, е историски момент што ги покажува нашите блиски врски со западната демократија и нејзините вредности“, велат од ВЛЕН.
„ВЛЕН е таму за да покаже дека Албанците се и остануваат про-Американци, тесно поврзани со принципите на слобода и правда што ги претставуваат САД. Но, оваа љубов кон Америка честопати ја злоупотребуваа некои нечесни политичари, кои го искористија ова благородно чувство за да се збогатат и да ги газат интересите на народот.
Албанците сега знаат, ВЛЕН е вистинскиот глас на албанските интереси и сојузи со САД! Коалицијата ВЛЕН е силата која носи вистински промени и е надеж за иднината на Албанците! Сите сега знаат дека со ВЛЕН, Албанците ќе имаат светла иднина!“, соопштуваат од ВЛЕН.
Скопје
Стефковски: Три години мандат – нула денари трошоци за репрезентација
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски вети отчетно, транспарентно и домаќинско работење и изминатите три години тоа го покажа на дело, велат од општината.
Во објава на социјалните мрежи, градоначалникот Стефковски информира дека во изминатите 3 години од мандатот не се потрошени ниту еден денар средства од буџетот на општина Гази Баба за репрезентација, службено возило за градоначалникот и дневници за патувања во странство.
„Да се биде градоначалник значи посветено да се служи на народот, а не да се користи како можност за трошење на средствата од буџетот за лични привилегии. На првиот работен ден од мојот мандат за градоначалник се откажав од користење на службено возило, средства за репрезентација и дневници за патувања во земјата и надвор од неа. Довербата од граѓаните за мене значи чест, а пред и над се одговорност“, пишува градоначалникот Стефковски.
Оваа пракса на некористење на буџетски средства за непродуктивни трошоци е воведена со доаѓањето на Стефковски за градоначалник на Гази Баба, се додава во соопштението од општината.
Македонија
МИНТ Финтек Групацијата доби признание од ИФФК „Браќа Манаки“ за партнерството во последното издание на фестивалот
На свечен настан кој се одржа во UTOPIA private business club, МИНТ Финтек Групацијата беше почестена со признание за нивната поддршка и партнерство во последното издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.
Признанието го врачи Симеон Мони Дамевски, директор на фестивалот, на Марјан Вучковиќ, кој раководи со маркетинг секторот на МИНТ Финтек Групацијата.
Настанот, кој собра сите спонзори и поддржувачи на фестивалот, беше одлична можност да се потврди успешната соработка и значајната улога на бизнис заедницата во поддршката на уметноста и културните настани.
МИНТ Финтек Групацијата, со својата посветеност на иновации и напредок, гордо стои зад визијата на фестивалот за истакнување на уметноста на филмската камера и поддршка на филмската индустрија во регионот. Ова признание претставува поттик за идни заеднички проекти кои ќе ги поврзат технологијата и културата во нови и возбудливи форми.
ПР