Македонија
Спасовски: „Борбата против криминалот не е лесна, тука нема ни браќа ни сестри, секој мора да излезе пред лицето на правдата“
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во објава на социјалните мрежи со статус дека борбата против криминалот и корупција не е лесна никаде во светот, дури и во најразвиените демократски држави.
Потсетува на еден од најголемите американски претседатели Рузвелт, кој рекол: „Aко беше лесно, немаше да вреди“.
„И оваа битка што ја имаме против криминалот и корупцијата не е лесна, меѓутоа е вредно да се бориме против нив и да создадеме услови за развој на општеството, за такво какво што го посакуваат и, пред сè, го заслужуваат граѓаните на државата. За кој сака нека се работи, тука нема ни внуци, ни браќа, ни сестри, ни функционери… Не сакам да се создава илузија во јавноста дека некој поради тоа што е поврзан со врвот на власта или е на самиот врв на власта – нема да одговора. Секој што прави криминал, кој со умисла сака да биде дел од криминални структури и преку корупција да ја уништува државата, мора да излезе пред лицето на правдата и во тоа сме силно решени“, порачува Спасовски.
Додава дека системот за борба против корупција е комплексен. Тоа, како што вели, не е една институција, но граѓаните сакаат да го видат крајниот исход – дали тој што е криминалец и судот утврдил дека е криминалец – ќе ја изврши санкцијата, дали ќе се конфискува нелегалниот имот.
„Дали зајакнува системот?! Да, зајакнува. Тој систем не е ист систем како до 2017. Дали треба да биде подобар? Да, треба да биде уште подобар и да градиме сите доверба во институциите“, посочува Спасовски во напишаното.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, објектите на Дом за Малолетни Деликвенти. (општина Бутел)
Македонија
Непречен сообраќај низ државата, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне повремени врнежи од дожд, локално пообилни, попладне врнежите ќе престанат
Претпладне претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни и поројни со услови за појава на ретки грмежи. Попладне врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник ќе има локални врнежи од дожд со послаб интензитет и ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Потоа во следните два дена времето ќе биде стабилно со постудени утра, а локален дожд повторно се очекува во петок кон крајот на денот

