Контакт

Македонија

Спасовски во Виена на Министерска конференција во рамки на иницијативата „Платформа за заедничка координација“

Објавено пред

Висока делегација од Министерството за внатрешни работи предводена од министерот Оливер Спасовски, заедно со државната секретарка Магдалена Несторовска учествуваше на Министерската конференција што во рамки на иницијативата „Платформа за заедничка координација“ се одржува во Виена, Република Австрија, во организација на австриското Министерство за внатрешни работи на тема „Регионален механизам за враќање, партнерства за враќање“, на која земаа учество министрите за внатрешни работи на земјите на ЕУ и земјите од Западен Балкан.

dobivaj vesti na viber

„ Кога станува збор за нелегалната миграција, регионот, односно земјите долж рутата се среќаваат со истите предизвици кои беа присутни и во изминатиот период и кои веќе се идентификувани. За жал, не можеме да говориме за постигнување на значителен напредок поради немањето на договори за реадмисија или договори за полициска соработка, кои би ја регулирале областа на реадмисија со земјите на потекло, што во најголема мерка се должи на недоволно развиената соработка со земјите на потекло, особено во делот на утврдување на идентитетот на мигрантите, како и поради непостоењето или нерезидентноста на дипломатско-конзуларните претставништва во регионите од кои доаѓаат најголемиот дел од мигрантите “, истакна министерот Оливер Спасовски во своето обраќање на првиот панел за дискусија, посветен на регионалните и националните аспекти односно предизвиците и тековната состојба со илегалната миграција.

Тој посочи дека дополнителен предизвик е и потребата од јакнење на националните капацитети за асистирано и присилно враќање – област во која веќе се преземаат конкретни чекори, меѓутоа сѐ додека не се отстранат проблемите со непостоењето на договори за реадмисија и потесна полициска соработка, тие преземени активности нема да дојдат до полн израз дури и да се целосно развиени.

„ Кога зборуваме за враќањето, верувам дека сите сме согласни дека е тоа конститутивен елемент на еден ефективен систем за менаџирање на миграцијата кој, пак, мора да биде функционален и да го опфаќа целиот опсег на менаџирање на миграцијата, а не само враќањето. Во оваа насока би додал и дека од суштинска важност е да се направи дистинкција помеѓу враќањата кон или помеѓу регионот на Западен Балкан и враќањата од регионот на Западен Балкан кон трети земји. Враќањето на државјани на трети земји од еден во друг партнер на Западен Балкан не придонесува за одржливо враќање“, рече министерот Спасовски.

Притоа, тој додаде дека напорите за подобрување, покрај јакнење на националните капацитети на земјите од регионот, треба да се фокусираат и на заеднички настап кон земјите на потекло и меѓусебна помош во сите фази на враќањето. А тоа, всушност, би значело заеднички пристап помеѓу сите засегнати држави, надлежните агенции на ЕУ и Европската Комисија, со поддршка на релевантни меѓунарoдни организации, што подразбира не само редовна размена на податоци и информации, туку и заедничка анализа на ризик, координирање на националните активности, и реализација на заеднички оперативни активности.

Министерот Спасовски во дискусијата во рамки на вториот панел од Министерската конференција, фокусирана на елементите на регионален механизам и партнерства за враќање, меѓу другото рече дека токму Заедничката платформа за координација има голем потенцијал да преземе водечка улога во координацијата на активностите за ефикасно справување со илегалната миграција, таа ги идентификува и ги сублимира во себе потребите во клучните области – гранично управување, азил, враќање и борба против трговијата со луѓе. Дополнително таа е практична, бидејќи со неа ќе се избегнат дуплирањето и преклопувањето и ќе се почитуваат надлежностите на агенциите на Европската Унија, на Комисијата, и секако, на партнерите од Западен Балкан.

„ Платформата за заедничка координација, верувам, претставува координациска платформа која се потпира во своето работење на своите партнери, односно на нивните изразени потреби. Во оваа насока, од неопходна важност е да се избегнува преклопување на напорите и на Платформата, но и на други меѓународни актери кои се веќе активни во областите на менаџирање на миграцијата. Затоа, нашата цел мора да биде комплементарност на напорите, нивна следливост и спроведливост. Столбовите на кои почива оваа платформа ни даваат за право да веруваме дека Платформата има капацитети да ја исполни својата цел – да има координативна улога во справувањето со нерегуларната миграција, истовремено покажувајќи солидарност со земјите членки на Европската Унија и обезбедувајќи силна поддршка и тесна соработка со регионот на Западен Балкан“, порача на крајот од своето обраќање Спасовски.

За време на работната посета на Виена, на маргините на Министерската конференција, министерот Спасовски оствари билатерална средба со министерот за миграции и азил на Елинската Република, Нотис Митараки, на којашто акцентот беше ставен на продлабочување на соработката на билатерално ниво во борбата против криминалот, а се сретна и со канцеларот на Република Австрија, Карл Нехамер, поранешен австриски сојузен министер за внатрешни работи, како и со државниот секретар за миграции на Швајцарската Конфедерација, Кристин Шанер Бургенер.

Имајќи го предвид фактот дека Република Северна Македонија ја презема улогата на претседавач со ОБСЕ за 2023 година, министерот Спасовски во Виена оствари работна средба и со шефот на постојаната мисија на РСМ при ОБСЕ во Виена, амбасадорот Игор Џундев, на која беше најавено дека во рамки на претседавањето со ОБСЕ ќе биде организирана конференција за министри за внатрешни работи на земјите членки на ОБСЕ и/или шефови на полиции, на тема согласно приоритетите кои ќе бидат усвоени на национално ниво за претседавањето на Република Северна Македонија со Организацијата.

Македонија

Без струја делови од Центар, Кисела Вода, Сопиште, Гази Баба и Карпош

Објавено пред

Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 07.00 до 16.00 часот, корисниците од ул. Мирослав Крлежа лоцирани позади грчка амбасада, како и стамбените објекти и локалите на бул. Партизански Одреди од бр. 19 до бр. 23, општина Центар;

– во периодот од 08.30 до 13. 40 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани на потегот од маркет Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;

– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. 8, како и дел од корисниците од ул. 12 во село Долно Соње, општина Сопиште;

– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците 30, 36 и 38 во населба Трубарево, општина Гази Баба;

– во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците од бул. Партизански Одреди бр. 70Б – ТЦ АЛУМИНКА, општина Карпош;

-во периодот од 11.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Женевска, општина Карпош.

Прикажи повеќе...

Македонија

Времена измена во сообраќајот на делницата клучка Миладиновци – клучка Петровец

Објавено пред

На 23/24.02.20026 на Автопат А-1 делница клучка Миладиновци – клучка Петровец ќе се одвива времена измена во сообраќајот поради технички изведувања од ДПТУГ Електра Груп ДООЕЛ, кај клучка Аеродром, во дневен период од 6 до 8 часа, сообраќајот ќе се одвива во сообраќајните ленти за претекнување, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локален дожд

Објавено пред

Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Времето во наредните денови

Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен денеска кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд. До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет56 минути

Женската хокеарска репрезентација на САД одби да присуствува на говорот на Трамп за состојбата на нацијата

Женската репрезентација на САД во хокеј на мраз, која го освои златниот медал на Зимските олимписки игри во Милано и...

Европа1 час

(Видео) Бомбашки напад во Москва: Убиен полицаец, двајца повредени

Еден полицаец беше убиен, а двајца други беа ранети во експлозија рано утрово во центарот на Москва, откако вооружен човек...

Европа1 час

Германија: Нема да го молиме Путин

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека е начелно отворен за разговори со Москва за одржлив мир во...

Европа1 час

Манделсон е ослободен со кауција: Полицијата продолжува со истрагата

Поранешниот британски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Питер Манделсон, е ослободен со кауција неколку часа откако беше уапсен во понеделник...

Македонија11 часа

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија17 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија19 часа

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија20 часа

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија20 часа

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...

Македонија20 часа

Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово: ангажирал 68 лица со договор на дело, на кои незаконски им исплатил над 350 илјади евра

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ф.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба...

Македонија21 час

„Страв во Мала Речица“ – ВЛЕН прашува кој ќе оди курбан со Груби

Дали Артан Груби ќе му го зададе фаталниот удар на Али Ахмети и ДУИ, прашува ВЛЕН во првата реакција по...

Регион22 часа

Радев: Украина сè уште има работа пред да се приклучи кон ЕУ, не треба да го заборавиме Западен Балкан

Во интервју за германското издание „Берлинер Цајтунг“, поранешниот бугарски претседател Румен Радев, кој неодамна поднесе оставка и најави влез во...

Свет23 часа

Захарова: Се испостави дека вистинските чудовишта се чувствувале удобно во западното општество

Објавувањето на таканаречените досиеја на Епстин разоткри „одвратно ѓубре“ кое со години измислува митови за Русија за да го одвлече...

Македонија23 часа

МВР потврди: Уапсен Артан Груби

На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. „Денеска (23.02.2026) во...

Европа24 часа

(Видео) Трамп го обвини дека е диктатор, Зеленски одговори со насмевка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски возврати на претходните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп во кои тој сугерираше дека е диктатор...

Свет24 часа

Силна зимска бура во САД: прогласена вонредна состојба во пет држави

Силна зимска бура го погоди североисточниот дел на САД, поради што е издадено предупредувања за 59 милиони луѓе. Во Њујорк...

Свет1 ден

(Видео) Убиен Ел Менчо, најбараниот нарко-бос во Мексико: избувнаа немири

Немесио Осегера Сервантес, попознат како „Ел Менчо“, најбараниот човек во Мексико и водач на моќниот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG),...

Свет1 ден

Иран и САД ќе ги продолжат разговорите в четврток

Иран и САД ќе одржат трета рунда разговори во Женева в четврток, изјави министерот за надворешни работи на Оман, поради...

Свет1 ден

Кина ја повика Америка да ги укине царините

Кина спроведува „целосна проценка“ на одлуката на Врховниот суд на САД за царините и го повика Вашингтон да ги укине...

Европа1 ден

(Фото) Полицајка убиена во Лавов, 24 ранети; Зеленски: Русија регрутирала напаѓачи преку интернет

Полицајка е убиена, а 24 лица се ранети откако неколку експлозивни направи беа детонирани во Лавов, западна Украина, соопшти полицијата...