Македонија
Спасовски во работна посета на Љубљана, ќе се сретне со министерот за внатрешни работи на Словенија
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска и утре предводи делегација од МВР во работна посета на Љубљана, Република Словенија, на покана од словенечкиот министер за внатрешни работи, Боштјан Поклукар.
Спасовски ќе присуствува на церемонијата по повод 50-годишнината од систематското регрутирање на полицајци, некогаш наречени милиции. Притоа двајцата министри ќе остварат тет-а-тет средба по што следува билатерална средба помеѓу македонската и словенечката делегација.
Во оваа пригода двајцата министри ќе потпишат меморандум за обезбедување развојна помош помеѓу МВР на Република Северна Македонија и МВР на Словенија за Одделот за воздухопловни единици. Притоа министрите ќе дадат изјава на прес-конференција за словенечките медиуми.
Истиот ден министерот Спасовски ќе го посети конзуларното одделение во Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана, со цел увид во процесот на сликање и издавање на патните исправи, како и делење пасоши на иселениците.
Во текот на вечерта министерот Спасовски ќе присуствува на настан под покровителство на амбасадата на РСМ, а по повод одбележување 30 години отворена прва амбасада во светот по независноста и осамостојувањето на нашата држава.
Во текот на следниот ден министерот Спасовски ќе ја посети словенечката Единица за воздухопловна полиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

