Македонија
Спасовски за отказите: Тошковски удри по професионалците во МВР, ова е само за да се затскрие настанот со бомбата во Ќерамидница

Го гледаме класичниот пристап на партизација на ВМРО-ДПМНЕ, се врши дискриминација и тоа не по политичка основа затоа што полициските службеници не може да бидат членови на политички партии туку дискриминација само заради тоа на кои позиции биле и во чие време биле на позиција. Единствено логично објаснување на ваква состојба е само да се задскрие настанот којшто беше со бомбата во Керамидница, истиот ден да се објави друга вест, вели Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ и ексминистер на МВР.
„Апсолутно е недозволено да овие луѓе бидат понижени, иако досега не биле ниту казнувани ниту дисциплински гонети, сите се со Сертификати, некои од нив имаат и НАТО сертификати и сосема совесно, чесно и одговорно ја вршеле својата работа. Недопустливо е на ваков начин да се врши таков притисок и сеење на страв кај сите вработени во МВР преку ваквите случаи. Ќе направам само споредба. Се сеќавате сите на случајот кога тогашниот телохранител на Мицкоски, Бисовки, нападна политиски инспектор со цел да спречи акција за спречување трговија со дрога, во Скопје. За истиот тој полициски службеник иако беше поднесена кривична пријава, иако има снимка на очите на целата македонска јавност дека напаѓа полициски службеник, истиот министер, него го ослободува од било каква одговорност а на тој начин му овозможува да биде унапреден и да биде дел од најелитната единца, Тигар“, посочи Спасовски одговарајќи на новинарско прашање.
Спасовски осудува ваков пристап и смета дека не треба во ниту еден момент да се удира врз професионалците во МВР и во безбедносните институции.
Петнаесет високи полициски функционери добија решенија за отказ бидејќи работеле спротивно на законот и нелегално издавале дозволи за поседување на оружје, обелодени министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Министерот на денешната прес-конференција рече дека лично до него и кабинетот стигнале претставки од граѓани за начинот на кој во МВР биле спроведувани постапките за издавање на дозволи за поседување на оружје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожар на депонијата Дрисла, Ангелов смирува дека не е алармантно, но е сложено поради хемиските процеси

Пожар избувна на депонијата Дрисла.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, рече дека пожарот не е алармантен, а скопската противпожарна бригада работи на негово гаснење.
Сепак, како што објаснува Ангелов, гаснењето на било која депонија е сложен процес поради хемиските и биолошките процеси кои се одвиваат во внатрешноста на депонијата како резултат на кои се создаваат запаливи гасови.
(Фото: илустрација, архива)
Македонија
Муцунски во Стразбур: Потврдена посветеноста за унапредување на демократијата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на работната посета на Стразбур, денеска оствари одвоени средби со Генералниот секретар на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Деспина Шацивасилиу, и со Вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа (CEB), Томаш Бочек.
На средбата со Генералниот секретар Деспина Шацивасилиу беше потврдена посветеноста на Република Северна Македонија за унапредување на демократијата, владеењето на правото и човековите права, како и активното учество на нашата држава во рамки на Парламентарното собрание на Советот на Европа.
Со Вицегувернерот Томаш Бочек беше нагласена континуираната поддршка и конструктивната соработка со Банката за развој на Советот на Европа преку реализираните проекти на CEB во Северна Македонија. Воедно, беа разгледани конкретните можности за понатамошно продлабочување на оваа соработка во контекст на европската интеграција и регионалната стабилност.
Македонија
Откако Филипче замина во Франција да лобира за Македонија, владата падна, очекуваме да видиме каков Француски предлог ќе донесе повторно, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Откако Венко Филипче замина во Франција, владата падна, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„И откако Венко Филипче отиде да лобира за Македонија очекуваме да видиме како ќе излобира, и каков Француски предлог повторно ќе донесе, откако еднаш веќе ја забетонираа државата во место со нивното лобирање.
Исто така очекуваме да видиме како Венко Филипче ќе ги заштити Македонските интереси откако еднаш ги избриша“.
Според ВМРО-ДПМНЕ, кога Венко Филипче лобира за Македонија и македонските интереси, народот главата го боли цела година потоа.