Македонија
Спасовски: Издавањето викендички на луѓе кои не се од исто семејство е кривично дело
Кривично дело е издавањето викендички на групи на луѓе кои не се од исто семејство, посочи министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Тој кажа дека веќе има оперативна акција од полицијата и се проверува издавањето на викенд-куќи. Според него, за време на новогодишните празници полицајците ќе прават увид и ќе поднесуваат пријави онаму каде ќе има групирања, што е спротивно на одлуките од Владата.
„Владата донесе сет на мерки кои ќе придонесат за спречување на ширењето на коронавирусот. Тоа се мерки кои не се популарни, но се неизбежни затоа што од една страна имаме ширење на болеста и ставање во опасност на животот и здравјето на граѓаните, а од друга страна е нормалното живеење на граѓаните. Секој од нас треба да придонесе да го спречиме ширењето на вирусот. Еден од заклучоците беше и во однос на издавањето викендички за луѓе кои се групираат во групи. Нема забрана за издавање викенд-куќи за семејства, но кривично дело е издавање викендички на групи на луѓе. Ние како МВР сериозно работиме, имаме оперативна акција за издавање на вакви викендички веќе постапуваат колегите, превентивно реагираме уште сега до издавачите на викендичките за да знаат што може да ги очекува ако го прават тоа. Плановите за контрола се прават, а ќе почнат од наредната недела“, рече Спасовски.
Тој упати апел до издавачите на викенд-куќи да внимаваат при издавањето, а полицијата ќе постапува врз основа на законот.
„МВР ќе постапува врз основа врз основа на законот. Таму каде имаме сознанија дека има групирања на лица, во издадени викенд-куќи, ќе се направи увид и ќе се поднесе пријава. Тоа е кривично дело. Апел до издавачите, колку пари и да добивате за таа вила или викендичка за новогодишната вечер, не се доволно за чувството дека ќе придонесете за здравјето на граѓаните. Да помогнеме на лекарите, државата, системот. Сите заедно да ги почитуваме мерките, ќе дојдат моменти на запирање на вирусот и организирање прослави“, додаде Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локален дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд. Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен денеска кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд. До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.
Македонија
Делови од четири скопски општини денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради изведување на водоводен приклучок на ул.Борис Трајковски 212, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (место викано Каменик). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, општина Кисела Вода;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул.Варшавска 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Варшавска и дел од бул.8-ми Септември. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности, општина Карпош;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.Боца Иванова бб(за АБЦ Комерц), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Боца Иванова,Томе Пуре, Душко Поповиќ, Александар Бујнов, Бетовенова и дел од Петар Манџуков. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности, општина Бутел;
· поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.20 –ти Октомври 44 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, општина Центар.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.

