Македонија
Спасовски и Бертолини ги утврдија областите што ќе бидат финансирани во рамките на ИПА

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, оствари работна средба со претставници на Делегацијата на Европската Унија предводена од страна на Никола Бертолини, раководител на одделот за соработка.
Како што информираат од МВР, целта на овој работен состанок била да се разгледа и дискутира за досега сработеното во рамките на процесот на програмирање за националната ИПА-програма за 2020 година.
„Бертолини информира дека се утврдени областите што ќе бидат финансирани во рамките на националната ИПА-програма за 2020 година, и тоа: подобрување на независноста, отчетноста, транспрентноста на правосудните органи, борба против организираниот криминал и тероризам, спречување на корупцијата, зајакнување на малцинските и човековите права и поддршка во промовирањето на правото за слобода на изразување, со акцент на областите каде што Министертвото за внатрешни работи ќе биде носител на проектите“, се наведува во соопштението.
Спасовски потенцирал дека овие проекти се во согласност со главните приоритети на МВР и дека со нивната примена се очекува дека капацитетите на Министерството дополнително ќе се зајакнат и ќе придонесат кон успешно справување со предизвиците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 10.00 до 14.30 часот, корисниците на улица Нерешка со број 10,12,14 и 16. (Општина Карпош)
Македонија
Наградени ќе бидат полицајците кои вчера ја спасија жената во Вардар

Министерот Панче Тошковски, се сретна со полициските службеници Кристијан Стефановски и Жико Ѓорѓиевски – хероите кои вчера ја спасија жена во водите на реката Вардар.
Министерот на средбата со нив уште еднаш потенцираше дека важноста на полицијата и нејзината вистинска сила и влијание врз животот и благосостојбата на граѓаните се гледа во најтешките човечки моменти.
„Херојските дела како вашето, кога директно се спасува човечки живот е повеќе од службено постапување, тоа е вистинска пожртвуваност и посветеност кон мисијата да се чува безбедноста и сигурноста на секој граѓанин и целото општество.“, потенцираше министерот Тошковски при честитките до двајцата полициски службеници за нивната херојска постапка.
Тој нагласи дека во рамките на законските можности тие ќе бидат наградени за нивната херојска постапка која е инспирација за сите нас унапредувањето на хуманиот аспект на нашите дела и постапки како обични луѓе и професионалци.
Македонија
Повозрасните да не наседнуваат на измами со лажни сообраќајки, порача Тошковки

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје денеска реализираа превентивна акција „Внимавај телефонски измами“ насочена кон едукација на нашите повозрасни граѓани кои се најчеста жртва на таквите измами.
Преку непосреден разговор и делење на едукативен материјал граѓаните беа едуцирани дека најчест вид на измама е измамата со лажна сообраќајна незгода во која измамниците претставувајќи се на телефон како полициски службеник, адвокат, обвинител или доктор ги лажат жртвите дека нивното дете повредило некого во сообраќајна незгода и се обидуваат да извлечат пари од жртвата така што за одредена сума би му помогнале на детето кое е во неволја.
„Измамниците на тој начин се обидуваат да ги злоупотребат повозрасните лица. Денес во градскиот паркот во Скопје успеавме да разговараме со голем број повозрасни лица и да ги информираме за таквите измами и модус операнди или начинот на работа на измамниците. Апелираме доколку некој добие таков повик е потенцијална жртва на таква измама, никако да не дава пари, да го прекине разговорот веднаш да ја повика полицијата на 112 или 192 и да ги извести и своите најблиски“, апелираше министерот Тошковски.
Во првата половина на оваа година досега се пријавени вакви 16 настани а за период од пет години досега се расветлени 40 настани, при што се поднесени кривични пријави против 16 лица, за сторени 40 кривични дела „измама“, додека за останатите настани се преземаат мерки за нивно расчистување и поднесување на соодветни кривични пријави.