Македонија
Спасовски-Клајн, разговарано за поддршката која Унгарија ја дава на земјава во врска со пристапувањето кон ЕУ
Денеска во Министерството за внатрешни работи се одржа протоколарна средба помеѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и новоименуваниот амбасадор на Унгарија во нашата земја Андраш Клајн, придружуван од аташето за внатрешни работи Иштван Шегеди.
На средбата се разговараше за поддршката која Унгарија ја дава на нашата земја во врска со пристапувањето кон ЕУ, како и континуираната поддршка која од 2015 година па наваму оваа земја ја дава во форма на испраќање унгарски полициски службеници кои се распоредени на нашата јужна граница.
Имено, со реализацијата на меѓународната „Заедничката операција за засилен надзор на јужната граница на РСМ, со ангажирање на полициски службеници од странство“, Унгарија е една од осумте земји чии полициски службеници партиципираат во активностите, заедно со припадници на граничната полиција во заеднички мешани патроли, вршејќи засилен надзор на јужниот дел од границата со цел спречување на обидите за илегален влез или излез на мигранти и откривање на случаи на криумчарење мигранти, што истовремено придонесува и за заштита на границите на ЕУ, информираат од ресорното министерство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

