Македонија
Спасовски-Која: Создаваме услови за спроведување безбеден и фер изборен процес
Премиерот Оливер Спасовски го прими шефот на мисијата на ОБСЕ во нашата земја, амбасадорот Клеменс Која, кој се интересираше за подготовките за организирање и спроведување на парламентарните избори на 15 јули.
Спасовски во разговорот со амбасадорот Која се заблагодари за соработката со мисијата на ОБСЕ во Скопје и за поддршката на реформите, во прв ред за реформите во полицијата, правосудството, заштитата на човекови и малцински права, како и во образованието и истакна дека таа соработка во наредниот период до изборите ќе дојде до израз и во комуникацијата со специјална изборна оценска мисија за набљудување на предвремените парламентарни избори.
На средбата со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје премиерот потенцираше дека Владата ќе ги обезбеди сите неопходни услови за спроведување безбеден изборен процес од здравствен аспект во кои граѓаните ќе го остварат своето право на глас и на избор во фер и демократска атмосфера.
Амбасадорот Која на средбата истакна дека во услови на пандемија со Ковид-19, ОДИХР во кус рок ја организирал и веќе ја разместил Специјалната изборна оценувачка мисија за предвремените парламентари избори.
Тој додаде дека мисијата ќе ги набљудува сите аспекти на процесот и изрази уверување дека и со овој формат мисијата ќе ја изврши својата мисија квалитетно и ефикасно во функција на кредибилно мониторирање на изборниот процес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Чаир и Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1550 место викано Гериз во индустриска зона Визбегово, општина Бутел;
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Стојна Стевкова, како и дел од корисниците од ул. 393 во населба Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од ул. Блаже Биринчето, општина Карпош.
Македонија
Сончево со умерена локална облачност: температурата до 14 степени
Сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.
Во Скопје, во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и тивко со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во петок ќе се задржи стабилно и потопло време со услови за појава на утринска магла по котлините. Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност и повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање.
Македонија
Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена
Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за инфективни болести. Пациентката имала повеќе коморбидитети и не била вакцинирана против грип.
Во моментов на Клиниката се хоспитализирани 25 пациенти со компликации од грип, oд кои повеќето се возрасни лица со хронични заболувања и невакцинирани од грип.
Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска, пред неколку дена кажа дека пикот се очекува да биде во втората половина од овој месец и првата половина од февруари.
„Со враќањето на децата во училиште очекуваме дека и бројот на лица коишто ќе бидат заболени од грип или заболувања слични на грип може да биде зголемен“, рече Андоновска.
Институтот за јавно здравје препорачува оние коишто не се заболени да избегнуваат колку што е можно некакви собири или да престојуваат во простории или трговски центри каде што има голем број на луѓе, да избегнуваат контакт со веќе заболени лица или оние што ќе пројават некакви симптоми на кивање и кашлање. Често да се мијат раце со обичен сапун и вода, да се проветруваат просториите, да се почитуваат здрави животни навики – редовна хидратација со течности односно вода, лесна храна, витамини, минерали.

