Македонија
Спасовски: Најголемиот ризик за корупција кај институциите е преку злоупотреба на службената положба
Денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, преку платформата „Зум“ се вклучи во јавната дебата на тема „Ризикот од корупција при издавање одобренија, решенија, лиценци и дозволи во областа на транспортот и спроведувањето надзор“, во организација на Државната комисија за спречување на корупцијата, на која учествуваа и министерот за транспорт и врски, Благоја Бочварски, вршителката на должност директорка на Царинската управа, Славица Кутиров, и директорот на Државниот инспекторат за транспорт, Руфат Хусеини.
„За нас во Министерството за внатрешни работи, превенцијата и борбата со корупцијата претставува примарен постулат од кој не отстапуваме во изминатите години во согласност со начелото на Владата борбата против корупцијата да го има третманот на еден од најважните национални интереси, од чија реализација буквално зависат развојот и просперитетот на нашето општество во целина. Низата нови законски решенија, континуираните надградби на меѓуинституционалната, како внатрешна така и меѓународна координација и соработка, потоа постојаната техничка и кадровска екипираност и едукација, се само дел од активностите во таа наша решеност да се истрае и да се успее во борбата против корупцијата“, рече Спасовски.
Тој објасни дека од аспект на полициските истраги од областа на корупцијата во 2020 година беа откриени 97 кривични дела за што кривично беа пријавени 161 сторител за причинета материјална штета од речиси 100,2 милиони денари. И во текот на оваа година МВР продолжи со тој засилен тренд на детектирање и правно процесирање, така што за периодот во првите десет месеци беа откриени и расчистени 114 кривични дела поврзани со корупција и коруптивни злоупотреби, што претставува над 50 отсто зголемување на откривачката функција на полицијата во споредба со истиот период лани, а причинитетата материјална штета изнесува 97,3 милиони денари. Помеѓу кривичните дела од областа на корупцијата и понатаму најдоминантни се кривичните дела злоупотреба на службената положба со коруптивни елементи. Полицијата открила 77 такви дела во првите 10 месеци од оваа година, односно зголемен е бројот на реализации за 54 % во однос на истиот период лани. За делата кривично се пријавени 147 сторители, а со нивното извршување предизвикана е материјална штета над 63,6 милиони денари.
Министерот за внатрешни работи укажа дека најголемиот ризик за корупција кога станува збор за институциите, вклучително и МВР, и натаму се манифестираат преку злоупотреба на службената положба и овластувањето при издавање документи, дозволи, лиценци и решенија, а формите главно се со прифаќање подароци и услуги, поткуп, оддавање класифицирани информации, уништување докази и слично, поради што неопходно е постоење функционална поврзаност и формирање заедничка база на податоци до кои ќе имаат пристап сите субјекти задолжени за борба против корупцијата со цел размена на информации заради обезбедување одржлив систем на заеднички приод во реализирањето на сопствените обврски на институциите за неселективната борба против корупцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

