Македонија
Спасовски на почнување градба на модерен логистички центар во економската зона „Илинден“
Техничкиот премиер Оливер Спасовски присуствуваше на означувањето на почнување градба на нов модерен логистички центар, на површина од 70.000 метри квадратни, односно 12.800 метри квадратни магацински простор, 1.000 метри квадратни административен дел и канцеларии и сместувачки капацитет за околу 400 товарни возила, во локалната економска зона „Илинден“.
Премиерот Спасовски во своето обраќање на свеченоста, подвлече дека оваа приватна инвестиција на компанијата „Дени интернационал“ е во согласност со владините политики за создавање услови за непречен развој на инвестициите и претприемничките иницијативи, кои даваат сериозен придонес во македонската развојна економија со повеќе инвестиции, нови работни места и повисоки плати.
„Оваа иницијатива, да се инвестира во време на криза инспирира, поттикнува и охрабрува и јас се надевам дека многу бргу ќе ја вратиме состојбата од пред кризата за да ѝ дадеме нова динамика и забрзување на растот на домашната економија и да постигнеме солиден и одржлив раст на бруто-домашниот производ. Ги охрабрувам сопственикот и менаџерите на ‘Дени интернационал’ да го задржат овој храбар дух на претприемачи и да пронајдат поддршка и во широката понуда на владините програми за поддршка на инвестициите и развојот на приватните инвестиции”, рече премиерот Спасовски во своето обраќање, по повод започнувањето на градежните работи на инвестицијата, која ќе отвори над 80 нови работни места.
Спасовски поздравувајќи ја иницијативата на инвеститорите, која придонесува за развој на локалната самоуправа, оцени дека со новите вложувања, компанијата продолжува да ја остварува својата мисија и главната определба да се позиционира на високо место во деловната заедница, како компанија која негува највисоки стандарди во транспортот, шпедицијата и логистиката на овие дејности и да им излезе во пресрет на потребите и очекувањата на своите деловни партнери и клиенти преку обезбедување квалитетни професионални услуги.
Честитки и желби за успешна работа упати и градоначалникот на општината Илинден, Жика Стојановски, кој подвлече дека инвестицијата на компанијата „Дени интернационал“ придонесува за економски раст и развој на општината и регионот.
На отпочнувањето на работите беа присутни раководните лица на компанијата, меѓу кои и сопственикот на компанијата, Страшо Јакимовски, и заменик-извршниот директор Дејан Јакимовски.
Дејан Јакимовски во своето поздравно обраќање кон присутните, нагласи дека инвестицијата во новиот логистички центар вредна околу 4,5 милиони евра ќе овозможи подобрување на работата во однос на давање логистички услуги во државата, почнувајќи од обезбедување транспорт, царинење стоки, до утовар, истовар, складирање, пакување, препакување и паркинг, односно комплетни транспортно-логистички услуги.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Притвор од 48 часа за сопругот по смртта на неговите жена и ќерка во Карпош
Судот му определи 48 часовен притвор на сопругот од Карпош чија жена и ќерка починаа по пад од зграда.
„Основното јавно обвинителство Скопје до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерка краткотраен притвор од 48 часа против едно лице за кое постојат сомненија за сторени кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 и Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик“, соопштија од Обвинителството.
Од таму појаснуваат дека притворската мерка е неопходна со цел преземање на сите истражни дејствија со цел обезбедување докази во однос на сомненијата и додаваат дека по предлог на јавниот обвинител, судот определи притвор.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.

