Македонија
Спасовски од Тетово: „95 отсто е зголемено откривањето на прекуграничниот криминал на западната граница
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одржа работна средба со раководствата на СВР Тетово, СВР Охрид, како и со Регионалниот центар Запад, со цел согледување на сработеното, како и лично запознавање со реализираните активности во 2022 година и постигнатите резултати.
На средбата Спасовски беше информиран за безбедносната состојба на подрачјата на СВР Тетово, СВР Охрид и Регионалниот центар Запад, состојбите со криминалитетот, како и активностите што се преземаат, во насока на намалување на стапката на криминалитет, одржување поволен јавен ред и мир, безбеден патен сообраќај и превенција, со единствена цел – подигнување на безбедноста и заштита на граѓаните.
Тој напомена дека на територијата на СВР Тетово во периодот јануари – ноември 2022 година, во споредба со истиот период во 2021 година, вкупниот криминалитет бележи намалување од 7 проценти.
„Охрабрува дека севкупната ефикасност во откривачката функција годинава е значително зголемена и се движи околу 78 проценти. Позитивен тренд во 11-те месеци годинава е присутен и во областа на безбедноста во сообраќајот. Во овој период санкционирани се 24.304 сообраќајни прекршоци, од кои најмногубројни се за брзо возење (3.602), а за одбележување е и податокот дека намален е бројот на сообраќајни несреќи за 3 проценти. што се должи на континуираните акциски контроли, реализирани во и надвор од населените места, и тоа не само дење, туку и во ноќните часови, со користење таканаречен ноќен радар“, истакна Спасовски.
Што се однесува за територијата на СВР Охрид, Спасовски истакна дека стапката на криминалитет во периодот јануари – ноември 2022 година, во споредба со истиот период во 2021 година, е намалена 14,4 %, а зголемена е откривачката дејност, со што e постигната ефикасност во расветлувањето од 3,3 % повеќе во споредба со ланската година.
„Во делот на класичниот криминал бележиме зголемување на ефикасност во расветлување на кривичните дела за 8 % во споредба со ланската година и намалување на регистрирани кривични дела од 9 %. Во областа на сообраќајот за 11 месеци во 2022 година компаративно со ланската година имаме намалување од 4% во однос на сообраќајните незгоди“, дециден е Спасовски.
Потсети дека во делот на откривање на прекуграничниот криминал и илегалната миграција бележиме покачување од 95 %.
„Во однос на откривачката дејност, откриени се четири парцели насадени со марихуана, при што запленети се 524 стебла со зелена тревеста материја. Годинава презедовме и низа активности на водите на Охридското Езеро и на копно со цел откривање незаконско влегување и шверц на стока, откривање кривични дела – незаконит риболов и прекршоци од Законот за внатрешната пловидба и Законот за рибарството и аквакултурата, при што бележиме покачување од 91 %“, истакна министерот додавајќи дека во периодот јануари – ноември 2022 година, во споредба со истиот период минатата година, регистрирано е зголемување на протокот на патници за 27 %.
Изрази уверување дека и во наредниот период ќе се продолжи со зголемена динамика при реализација на превентивните активности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 04:00 до 08:00 часот, корисниците од населбите: Бутел и Север, општина Бутел, Топанско Поле и дел од Чаир, општина Чаир и Шуто Оризари и Визбегово, општина Шуто Оризари;
· од 07:30 до 15:30 часот, корисниците на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, броеви од 49 до 53, како и објектите во околината на Поликлиника – Идадија, општина Центар;
· од 08:00 до 16:00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов, подулици бр. 10, 15 и 18, општина Аеродром;
· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од дел од улицата Финска, општина Гази Баба;
· од 11:00 до 14:00 часот, корисниците од улицата Крагујевачка бр. 9, општина Карпош;
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 16 степени
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа вдолж Повардарјето повремено засилен ветер од северен правец, особено претпладне. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 5, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на оваа и во почетокот на следната седмица нашето подрачје ќе се наоѓа во поле на висок воздушен притисок. Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, освен во сабота кога ќе има зголемено наоблачување. Од петок по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.
Македонија
СДСМ некогаш беше државтворна партија, а сега се занимава со трач муабети, реагира движењето ЗНАМ
Движењето ЗНАМ за Наша Македонија реагираше на, како што наведуваат, обвинувањата од СДСМ, оценувајќи дека партијата „бега од одговорност со навреди, етикетирања и лични дискредитации“.
Во реакцијата, од ЗНАМ наведуваат дека СДСМ, наместо да понуди аргументи и одговори за кономската и институционалната состојба во државата, се занимава со „озборувања“ и „трач муабети“.
Партијата оценува дека СДСМ, која некогаш беше државотворна партија, денес е сведена на фабрика за навреди, конструкции и политички отров, како и дека со улична реторика покажува нервоза и очај.
Од ЗНАМ нагласуваат дека движењето не е ничја квислиншка група, туку автентична политичка сила создадена од граѓани разочарани од владеењето на СДСМ.
Во реакцијата се споменува и периодот на владеење на Зоран Заев, при што се изнесуваат критики за, како што наведуваат, националните политики и управувањето со државата. Се споменува и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, при што се посочуваат, како што стои во реакцијата, контроверзии и сомнежи за тендери и набавки.
„Политиките на Зоран Заев останаа запаметени како период во кој националните интереси се ставаа на распродажба без јасен консензус и без чувство за државничка мерка. Со рачето на срце се промовираше како чесен и достоинствен, а всушност државата ја претвори во сопствен приватен бизнис. Симболиката на „едно евро за Вицето, едно за црквата“, беше само дел што нештото го докажува. Ги распродадоа македонските национални позиции на ангро, без јасна стратегија и без поддршка, ја разнишаа довербата во институциите и ја продлабочија поделбата во општеството. И по сето тоа, истите тие кругови, истото тоа раководство, се обидуваат да зборуваат за морал и одговорност, како граѓаните да немаат паметење. Во периодот кога со здравството раководеше Венко Филипче, јавноста беше сведок на низа контроверзии, сомнежи за тендери, набавки и прашања на кои никогаш не доби целосни и транспарентни одговори. Златни визи, сомнителни бизнис релации и повластени шеми, сето тоа се случуваше во време кога СДСМ ветуваше „живот за сите“, а испорача привилегии за малкумина“, велат од ЗНАМ.
Од ЗНАМ дополнително оценуваат дека опседнатоста на СДСМ со наративи за т.н. ‘српски свет’ и со случувањата во соседна држава и нивната постојана потреба да отвораат фронтови и да се караат со сите, од политички партии до новинарие прашање што партијата треба да го решава во сопствени рамки.

