Македонија
Спасовски: Полицијата не употреби сила, клубовите мора да бидат безбедни
Полицијата не употреби сила за време на синоќешната акција во скопските дискотеки. Ноќните клубови се места за забава, но мора да бидат безбедни, а законот важи еднакво за сите, порача на Фејсбук министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по реакциите на некои од сопствениците дека непотребно биле „спектакуларно“ апсени.
„Се бориме за правда и мир, а тоа значи и неселективна примена на законите и подеднаков пристап кон сите кои ги прекршуваат правилата. Вчера беше спроведена заедничка акција на Министерството за внатрешни работи, Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд. Целта беше да се превземат мерки против оние кои на било каков начин ги прекршуваат законите и со своите постапки го загрозуваат јавниот ред и мир.
Меѓу чесните гости имаше и такви кои незаконски беа вооружени, кои поседуваа наркотични средства, кои нападнаа полицајци и кои одбија да постапат по полициска наредба. Ноќните клубови се места за забава, но мора да бидат безбедни, а законот важи еднакво за сите. Полицијата нема воопшто употребено сила, а акцијата е спроведена според прописите и правилата“, напиша Спасовски на Фејсбук.
Тој ги повика граѓаните да пријават во МВР доколку се соочиле со несоодветно однесување на полицијата – и веднаш ќе реагираат согласно процедурата. Безбедноста на граѓаните е на прво место, вели Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

