Македонија
Спасовски: Преминот Белановце – Станчиќ е доказ за добрите односи меѓу Северна Македонија и Косово
Пуштањето на граничниот премин Белановце – Станчиќ на 31 јануари е уште еден доказ и пробив напред на исклучително добрите односи помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово, изјави техничкиот премиер, Оливер Спасовски
„Граничниот премин Белановце – Станчиќ, во општина Липково, беше успешна завршница и доказ за добрата волја и за исполнување на интересите на граѓаните од двете страни на границата на овој регион. Многу бргу граничниот премин ја потврди својата оправданост зашто во огромна мера ја подобри меѓусебната комуникацијата на граѓаните на општините Липково и Гнилане. Преминот го олесни поврзувањето за развој на бизнис-врските и за економски напредок на локалните заедници во овој регион, каде што се поврзуваат Северна Македонија и Косово. За само два и пол месеца, односно од 31 јануари до 14 март годинава, преку граничниот премин регистриран е влез и излез на вкупно 47.020 патници, што говори за исклучително оправдани причини за потребата од официјален граничен премин на овој дел од границата“, кажа Спасовски.
Тој изрази жалење што заради мерките за справувањето со последиците од Ковид-19, преминот беше затворен на 14 март и сѐ уште не е отворен за сообраќај.
„Сепак, во овој краток период и во сложени услови за работење заради пандемијата, и полициската станица за гранични проверки и граничен надзор спречи обид за шверц на поголема количина ресивери, откри едно лице барано за издржување затворска казна, спречи обид за нелегално минување на државната граница на шест лица државјани на Северна Македонија, од кои две лица се спроведени во државен карантин, и спречи обид за пренесување 33 лица илегални мигранти“, објасни премиерот Спасовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Мигранти за пари, Мицкоски ја распродава иднината на Македонија“, велат од СДСМ
„Со контра Резолуцијата ДПМНЕ-ЗНАМ признаа дека постои договор ‘мигранти за пари’. Во нивната контра Резолуција на ДПМНЕ воопшто нема одредба против носење мигранти од Британија за пари. Има игра на зборови, обид за поинакво дефинирање на мигрантите под превезот на ‘економски работници’ и ‘нелегални мигранти’“, велат од СДСМ.
„Ова е национално предавство за пари. Владата на Христијан Мицкоски ја става иднината на Македонија на пазар, на распродажба.
Државата е во тешка финансиска состојба, трезорот се затвора пред време, доцнат исплати на породилно, социјална помош, ДДВ, нема пари за плати и пензии. На власта и требаат пари ама не за граѓаните туку за да им врват наместените тендери.
Затоа договара мигранти за пари и скапи кредити кои утре ќе ги враќаат младите, идните македонски генерации.
СДСМ ќе се спротивстави и нема да го дозволи ова национално предаство, оваа распродажба.
Имаме решение. Нема да има мигранти, туку домаќинска политика, како во времето на СДСМ кога ги зголемивме платите и пензиите а државата одеше напред.
Наместо 161 тендер за една фирма, парите ќе се насочат кон за зголемување на платите и пензиите. Без криминал и корупција, без мигранти, парите назад кај граѓаните, со поголеми плати и пензии.
Одбраната на Македонија започна и нема да престане! Сите ќе одговарате!“, соопшти СДСМ.
Македонија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија: Земјотресот е со епицентар на 124 километри северно од Скопје
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 07 часот и 20 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Урошевац, на 124 км северно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.3.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Македонија
Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ.

Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од 3.1 степени според Рихтер.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 24 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/IaWrDzq6eR— EMSC (@LastQuake) December 15, 2025
Како што објави ЕМСЦ епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од Приштина, на границата меѓу Косово, Србија и Македонија.

