Македонија
Спасовски: Продлабочување на меѓународната полициска соработка во сузбивање на меѓународните организирани криминални групи
Предизвиците со кои се соочуваат државите од регионот и пошироко во насока на сузбивање на транснационалниот организиран криминал од година на година стануваат сѐ покомплексни и налагаат продлабочување на меѓународната полициска соработка во делот на сузбивање на меѓународните организирани криминални групи инволвирани во разни видови криминал, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на „Симулациската вежба за размена на информации во реално време“, организирана со координација на Министерството за внатрешни работи и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
![]()
Тој пред учесниците од земјите од Западен Балкан, амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која, високите претставници на делегацијата на МВР на Република Чешка и претставници на проектот ИПА 2019 за борба против сериозниот криминал во Западен Балкан истакна дека оваа симулациска вежба е исклучително успешна и корисна.
![]()
„Во овој контекст и Република Северна Македонија заедно со земјите од регионот ја препознава важноста од интензивна полициска соработка и ефикасна и ефективна размена на информации. Зајакнувањето на овој вид соработка претставува приоритет врз основа на кој се надградува безбедносната и политичката стабилност на државите во Европа. Имајќи го ова предвид, Министерството за внатрешни работи беше иницијатор за спроведување на оваа вежба како еден дополнителен напор за потврдување на добрите пракси и евентуално, утврдување на областите во размената на информации, каде што постои простор за подобрување“, истакна министерот Спасовски.
![]()
Тој потенцира дека на регионален и меѓународен план МВР изминатите години активно учествуваше во размената на информации и спроведување на меѓународни истраги за организиран криминал и сузбивање организирани криминални групи од меѓународни размери како по сопствени иницијативи така и со партиципирање во иницијативи на други држави, при што оствари интензивна соработка не само со земјите од регионот туку и со земјите од ЕУ.
![]()
Спасовски изрази очекување дека извештајот што ќе го изготват претставниците на регионалниот проект за борба против организираниот криминал ИПА 2019 ќе укаже на евентуалните недостатоци и ќе даде препораки за нивно надминување, но исто така ќе ги потенцира и добрите пракси и искуства што ги користат земјите од нашиот регион. На крајот, министерот Спасовски уште еднаш изрази голема благодарност до Мисијата на ОБСЕ за нивната перманентна поддршка и партнерство со МВР.
![]()
Во склоп на „Симулациската вежба за размена на информации во реално време“ присутните ја проследија и симулираната полициска операција на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, која ја заокружи вежбата и ги ефектуира резултатите од неа, а во која полициските службеници се справуваат со терористи што напаѓаат објект на критична инфраструктура употребувајќи нелегално оружје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

