Македонија
Спасовски – Сасоли: Реформите и новата методологија се важни чекори кон почнување преговори за членство во ЕУ
Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, оствари средба со претседателот на Европскиот парламент (ЕП), Давид Марија Сасоли. На средбата, на која присуствуваше и заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, Сасоли им даде целосна поддршка на сите реформски чекори што Владата, Собранието и граѓаните ги донесоа во изминатиот период.
На средбата се нагласи дека договорот од Преспа и договорот со Бугарија се пример во регионот и столб на европската иднина на Република Северна Македонија и дека земјата останува доследна на обврските за спроведување на договорите што претставуваат пример за решавање билатерални спорови.
Претседателот Сасоли и премиерот Спасовски се согласија дека успешните реформи и новата методологија се важни чекори кон скорешно почнување на преговорите за членство. Таа цел е заедничка на сите европски институции и најголем дел од државите членки на ЕУ, беше констатирано на средбата.
Претседателот на ЕП, Сасоли, истакна дека Западен Балкан е стратегиски регион за ЕУ и дека тој при посетата на нашата земја се уверил дека граѓаните силно веруваат во ЕУ и во заедничката иднина. Во таа насока, рече претседателот Сасоли, Европскиот парламент ќе даде свој придонес за поддршка на Западен Балкан на самитот во Загреб, се наведува во соопштението на Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Зелениково и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, дел од корисниците од улиците Самоилова и Јоаким Крчовски, како и објектот на Музејот на Современа Уметност, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од селата Зелениково, Ново Село, Страхојадица и Смесница, општина Зелениково;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците лоцирани околу ул. Австралиска бр. 5 во населба Даме Груев, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Утре во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на денот насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониска утринска температура.
Македонија
Ѓорѓиевски отпушти 500 вработени
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци, дури и години, не оделе на работа.
„500 лица до денес, се отстранети од работа од претпријатијата во градот Скопје. Тоа се лица кои се платени од парите на скопјани, но не оделе на работа со месеци, дури и години“, објави Ѓорѓиевски.
Тој најави дека секој кој чесно си ја работи работата, ќе биде награден, а оној што не работи ќе биде казнет.
„Тука, нема да има толеранција, а ќе има и одговорност! Секој оној што чесно си ја работи својата работа ќе биде награден, а оној што не работи – ќе биде санкциониран. Ред во Скопје, мора да има! Она што е платено со парите на граѓаните јас мора да го заштитам“, напиша Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.

