Македонија
Спасовски: 70% ефикасност во расчистување на кривичните дела, намалување на криминалитетот за 14% во Штип
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со дел од раководството на МВР го посетија СВР Штип, каде што остварија средба со раководствата на оваа организациона единица, како и на Регионалниот центар за гранични работи Исток, а со цел да се сумираат резултатите од сработеното, да се види напредокот, но и да се утврдат предвидувањата и приоритетите за идната година.
„Параметрите за вкупниот криминал на подрачјето на СВР Штип се во корелација со оние на национално рамниште, при што евидентираното намалување на криминалитетот тука изнесува 14%, и придонесува кон генералното намалување на ниво на држава. Намалување има и кај вкупниот број на кривични дела од познат сторител за 7%, а од непознат сторител намалувањето е 19%, со постигната ефикасност во расчистувањето од 45%, која бележи пораст од лани, додека вкупната ефикасност на расчистени кривични дела изнесува високи 70%. Радува податокот што класичниот криминал бележи намалување од 16% според бројот на евидентирани кривични дела, а постигнатата ефикасност во расчистувањето е 41%”, рече министерот Спасовски во изјава за медиумите. Притоа, тој ги сподели резултатите коишто ги има постигнато СВР Штип, потенцирајќи дека се најдобрите во изминатите 30 години.
„Во делот на тешките кражби, кои се еден од приоритетите на СВР Штип, во извештајниот период евидентирано е намалување од 17% на пријавените тешки кражби, додека кај делата од областа на економски криминал намалувањето е за 22%. Кај деликтите од недозволена трговија, откривачката дејност е зголемена за 32% со откриени 123 кривични дела, при што кај оние од областа на оружје регистрирано е зголемување во откривањето за 38%, а кај деликтите со шверц на дрога зголемувањето е за 31%. Во областа на јавниот ред и мир годинава СВР Штип бележи намалување од околу 10% по сите параметри, додека за одбележување се реализираните 2.100 превентивни активности на различни теми од сите области на територијата на овој сектор”, истакна министерот Спасовски на средбата во СВР Штип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

