Македонија
Специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан на Северна Македонија во посета на земјава

Специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан на Северна Македонија, Сер Стјуарт Пич е во дводневна посета на земјава.
За време на посетата тој ќе има можност да се сретне со претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на владата Димитар Ковачевски, првиот заменик на претседателот на владата Артан Груби, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерката за одбрана Славјанка Петровска и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Целта на посетата е да се разговара за понатамошниот развој на силните билатерални односи меѓу Обединетото Кралство и Северна Македонија; да се повтори силната посветеност на Обединетото Кралство на евро-атлантската интеграција на Северна Македонија и да се потврди посветеноста на Обединетото Кралство за зајакнување на стабилноста, демократијата, владеењето на правото и справувањето со криминалот и корупцијата во земјата и регионот на Западен Балкан, се наведува во соопштението од британската амбасада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Денес температура до 25 степени, вечерва пороен дожд и грмежи

Променливо облачно со сончеви периоди, прогнозираат за денес од Управата за хидрометеорологија. Попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има умерен развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 25 степени.
Македонија
Денес без струја делови од Кисела Вода

ЕВН Македонија извести дека денес 11.05.2025 година ( недела ) без електрична енергија ќе останат неколку делови од општина Кисела Вода.
Во периодот од 08:00 до 14:00 часот без стрја ќе бидат корисниците од Киро Фетах, улица Драчево, улица Герника. околината на Амигос сокара и Драчвски патак.
Во периодот од 09:00 до 12:00 часот нема да имаат струја корисниците од улицата Борис Трајковски 7 компаниите Ѓоко Мицевски ДООЕЛ и Јогомеркур.
Прекините се поради изведување технички зафати во електродистрибутивната мрежа,
Македонија
Работна посета на министерот Муцунски на Кралството Шведска

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, во наредните два дена ќе престојува во работна посета на Кралството Шведска, на покана на шведската министерка за надворешни работи, Мариа Малмер Стенергард.
Во рамки на посетата, покрај билатералната средба со министерката Стенергард, предвидено е министерот Муцунски да оствари средби и со министерката за европски прашања, Џесика Розенкранц, како и со државниот секретар за меѓународна развојна соработка и надворешна трговија, Хакан Јеврел.
Во шведскиот Парламент – Риксдаг, министерот ќе се сретне со Шерштин Лундгрен, трет заменик-претседател на Риксдагот. На средбата ќе присуствуваат и високи претставници и членови на парламентарните комисии за надворешни работи и европски прашања, како и членови на Групата за пријателство и соработка со Собранието на Република Северна Македонија.
Во рамки на престојот, министерот Муцунски ќе оствари средби и со претставници на македонската дијаспора, како и посета на црквата „Св. Наум Охридски“ во Малме.
Целта на посетата е интензивирање на севкупните билатерални односи преку зајакнување на политичкиот дијалог и продлабочување на економската соработка меѓу двете земји. Во фокус на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералните односи, реафирмирањето на шведската поддршка за европската интеграција на Република Северна Македонија, како и размена на мислења за клучни регионални, европски и глобални прашања.