Македонија
Специјални очила за докторите, Итна помош воведува телемедицина

Специјални очила за докторите на Итна медицинска помош е иновацијата која Министерството за здравство ќе почне да ја применува како резултат на денес потпишаниот меморандум за соработка со Амбасадата на Израел во Република Македонија и со Фондот за иновации и технолошки развој. Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека специјалните очила се само дел од планот за подобрување на квалитетот на Итната медицинска служба.
„Истовремено со огласите за нови вработувања и нови возила воведуваме и иновација, а тоа се специјални очила коишто ќе овозможат комуникација на докторите коишто се на лице место со центрите, по системот на телемедицина каде што работат специјалисти во одредени области. На тој начин сметаме дека значајно ќе се подобри квалитетот на Итната медицинска служба во однос на давањето сервиси на лице место, како и начинот на транспорт до соодветната институција“, најави министерот Филипче.
Освен специјалните очила, министерот Филипче рече дека договорот со Израел ќе овозможи тренинг на докторите и на медицинските сестри кои работат во Итната помош. Ќе настојуваат искуствата од системот во Израел, за кој министерот вели дека е одлично организиран, да ги пренесат и кај нас.
Министерот потсети дека се потпишани договорите за набавка на нови возила, а се распишуваат огласи за прием на кадар, сега за 40 лица, а се подготвува и оглас за 40 вработувања само за доктори оти тие најмногу недостасуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода делови од Центар и Аеродром

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Питу Гули бб, општина Центар (во близина на Тинекс), прекинато водоснабдување ќе имаат следниве улици: Питу Гули, дел од Загребска, Ганчо Хаџипанзов, Капештец, Димитар Пандилов, Караорман, висока зона Козле и Ловќенска-крак 1,3,5 и 7.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, во општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на дел од село Долно Лисиче.(општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 15.00 часот, корисниците на објектите спроти Ист Гејт населба Крњево.(општина Центар)
· во периодот од 08.10 до 12.00 часот, корисниците од улица Божидар Рајковиќ, дел од ул. Горноврановска и дел од улицата Горно Лисиче (општина Аеродром)
· во периодот од 08.10 до 16.00 часот, корисниците на улиците Ибе Паликуќа, Воин Драшкоци, Веле Марков (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Претежно облачно со повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст.