Македонија
Спречен шверц на над 100 парфеми во вредност од 240 илјади денари

Над сто парфеми „Гисада“ во вредност од 240 илјади денари се запленети од страна на царинските службеници на влез на граничниот премин Табановце кога возач на автобус, без да ги пријави, се обидел нелегално да ги внесе во државата.
На прашањето од страна на царинските службеници дали има нешто за пријавување возачот изјавил дека носи само лични работи. Притоа извршена е детаљна контрола, при што во багажот во пределот за алати се пронајдени вкупно 106 парфеми за кои возачот требало да плати увозни давачки во висина од 49 илјади денари, извести Царинската управа.
Против превозникот е поднесена прекршочна пријава за непочитување на царинските регулативи.
Царинската управа во континуитет презема строги акции за сузбивање на криминалот и создавање услови за фер конкуренција, додаваат од Царината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).