Македонија
Спречивме излевања и поплавувања на населбите покрај Вардар, велат од ЦУК
Центарот за управување со кризи, заедно со локалните институции од Гостиварско, субјекти во системот за управување со кризи, спречиле поголеми излевања и поплавувања на просторот и населбите покрај реката Вардар.
„Конкретно, на 6.4.2023 година (четврток), од страна на лица од с. Чегране преку Е-112 на ЦУК е добиено известување дека во селото Чегране е дојдено до значително зголемување на водостојот на реката Вардар, што било на критично ниво, при што и некои улици биле поплавени. При ваква итна ситуација, веднаш, од страна на Секторот за операции и координација (СОК) на ЦУК, е поведена работна иницијатива во согласност со оперативните стандардни процедури за да се интервенира од повеќе нивоа и страни за комбинирано дејствување за избегнување поголеми поплавувања на Гостиварско. Истиот ден, по налог на СОК на ЦУК, од страна на регионалниот ЦУК Тетово е известен директорот на ЕСМ, подружница ХЕЦ ‘Маврово’. Тогаш работеле 4 турбини, од кои за едната се одлучило да биде исклучена со очекување дека за еден час ќе се намали водостојот на реката Вардар, нешто што и се случило.
Потоа, на 7.4.2023 година, (петок) во вечерните часови, ЦУК бил известен дека реката Вардар пак се излеала од своето корито и зафатила земјоделско земјиште. Најверојатната причина за излевањето било зголеменото производство на електрична енергија на ХЕЦ ‘Маврово’. По остварените контакти со ХЕЦ ‘Маврово’, било реагирано позитивно и било намалено производството на електрична енергија, сè со цел да не бидат предизвикани поголеми штети.
На 8.4.2023 година (сабота), околу 22.10 часот, од страна на РЦУК Тетово било известено дека повторно дошло до излевање на реката Вардар на критичното место во с. Чегране. За настанатата состојба, освен ХЕЦ ‘Маврово’ биле известени и Единицата на локална самоуправа (ЕЛС) Гостивар, Јавното комунално претпријатие (ЈКП) „Гостивар“ за преземање мерки и активности сè со цел да се надмине настаната состојба со комбинирано дејствување и со намалување на работа на турбините од хидроелектраната и со поставување насипи и брани покрај коритото на критичните точки на реката Вардар во тој реон на излевање и поплавување.
На 9.4.2023 година (недела) од директорот на ХЕЦ ‘Маврово’ стигнато е известување до ЦУК дека било договорено заеднички со ЕЛС Гостивар, во периодот од 7 до 9 часот, да се интервенира во санирање на делот од коритото на реката Вардар со цел да се запре истекувањето на водата и поплавување на улиците и земјиштето, како што беше случај во претходните 3-4 дена. Од страна на градоначалникот била добиена информација дека, најверојатно, проблемот го предизвикале две попречени дрвја во реката и тие е ќе бидат извадени. Околу 16 часот од страна на локалната самоуправа превентивно биле донесени и истоварени 4 камиони песок (чакал, ризла) на критичното место, каде што во претходните денови имаше излевање на реката Вардар во селото Чегране.
Во моментот на изготвување на информацијата состојбата е нормализирана.
Од страна на Секторот за операции и координација на ЦУК известени се сите институции, субјекти во системот за управување со кризи, со цел преземање мерки и активности од нивна страна за надминување на настанатата состојба и превентивно координирано дејствување“, велат од ЦУК.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Вјолца Бериша ќе раководи со Министерството за земјоделство до изборот на нов министер
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека со верификацијата на претеничкиот мандат на 28.05.2024 година на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заврши извршувањето на функцијата министер.
Со министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, до избор на нов министер, со министерството ќе раководи заменик министерката за земјоделство, шумарство и водостопанство Вјолца Бериша.
„Во овој период, согласно овластувањето од 27.05.2024 година, заменик министерката за земјоделство, шумарство и водостопанство Вјолца Бериша, во целост може да ги извршува тековните активности за непречена работа на министерството, а веќе извршена е и измена и во Централниот регистар“, велат од МЗШВ.
Македонија
185 санкционирани возачи на мотоцикли
Во текот на вчерашниот ден во периодот од 15.00 до 22.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 185 возачи, извести МВР.
„Од нив, 113 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 33 возеле без возачка дозвола, седум мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава… За време на контролата санкционирани се и 197 други видови на сообраќајни прекршоци“, соопшти МВР и додаде дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Македонија
ДС: Брза промена на надлежностите на некои министерства, за да се формира нова Влада и да се спречи целосен колапс на државата
Демократскиот сојуз смета дека промената на надлежностите на некои министерства и формирањето нови треба да се одвива со брзо темпо за да се формира нова Влада и да се спречи целосен колапс на државата.
„Сведоци сме на целосно разградени институции и нивна неефикасност и разнебитеност. Најеклатантен пример е Министерството за здравство, каде Клиничкиот центар е во целосен колапс и истиот не може да обезбеди врвна здравствена заштита на граѓаните.
Состојбата е слична во многу други институции, а перфидните најави и закани за дестабилизација на државата на етничка основа само ја изоструваат потребата од брзо формирање Влада, која треба да профункционира со полн капацитет.
Добро е во Парламентот да има координации, усогласувања и компромиси, но врвен државен интерес е реорганизација на министерствата и избор на нова Влада. Сѐ друго е политизација и манипулација, на штета на интересите на граѓаните“, велат од Демократскиот сојуз.