Македонија
Спроведена е дезинфекција на институциите со најголема фреквенција на граѓани

Специјално овластен оператор денеска спроведе дезинфекција во просториите на сите министерства, како и во органите на управата со најголема фреквенција на граѓаните со администрацијата, соопшти Владата.
Мерката за дезинфекција е извршена врз основа на заклучоците и препораките донесени од Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство, за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од корона вирусот.
Дезинфекција се спроведе и во резиденцијалните објекти на претседателот на државата и на премиерот, во угостителските објекти на државните институции, во магацинските простории на општите служби, како и на возниот парк на Службата за општи и заеднички работи на Владата.
„Оваа мерка, како и снабдувањето на институциите со средства за дезинфекција на раце, ќе продолжи и понатаму со цел спречување на ширењето, за превенција и за заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните“, велат од Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЈП Водовод и Канализација известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од ф 80мм на улицата Васил Стефановски бр 2. без вода ќе останат корисниците на дел од улиците Васил Стефановски, Костурски Херои, Борка Талевски, Петар Поп Арсов, 9-ти Мај, Роза Луксенбург, Христо Смирненски во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Без струја дел од Бутел и Карпош

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел и Карпош.
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од дел улица Радишани и дел од улицата Бел камен во општина Бутел,
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од корисниците од улицата Јури Гагарин во општина Карпош.
Македонија
Мицкоски со честитка до ЦДУ: Европа бара промени

Премиерот Христијан Мицкоски ја честиташе победата на ЦДУ на изборите во Германија преку социјалните мрежи.
„Овој успех е потврда за довербата што германските граѓани ја имаат во лидерството и во принципите на кои се темели ЦДУ – стабилност, развој и посветеност на вредностите на европската христијанска демократија.
Заедно да соработуваме за доброто и просперитетот на нашите граѓани. Европа бара промени“, напиша Мицкоски.