Македонија
Средба Заев – Смит: Унапредувањето на парламентарната демократија и работата на Собранието се клучни во реформските процеси
Претседателот на Владата, Зоран Заев, во пресрет на своето и на учеството на владината делегација на Самитот ЕУ/Западен Балкан во Лондон, се сретна со извршниот директор на Фондацијата за демократија Вестминстер од Велика Британија, Ентони Смит.
Заев на средбата го истакна придонесот на канцеларијата на Фондацијата „Вестминстер“ во земјава, која во изминатите 10 години спроведуваше проекти од исклучително значење за јакнење на капацитети на Собранието на нашата држава, на унапредувањето на парламентарната демократија, како и за демократизацијата на политичките партии.
Смит го издвои како исклучително позитивен напредокот што го направи Република Македонија во изминатата година, и потенцираше дека позитивниот пресврт беше направен со храбрите чекори што ги презеде Владата со договорот со Бугарија, и особено со договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство. Тој додаде дека со новите вредности во соседската и регионална политика, како и со унапредувањето на демократскиот амбиент, Република Македонија доби и соодветно признание со датумот за преговори со ЕУ и со најавеното активирање на поканата земјата да стане 30-та членка на НАТО. На средбата е изразен заеднички заклучок дека на референдумот за договорот со Република Грција граѓаните на земјава ќе ги верификуваат политиките што ги отворија вратите на ЕУ и НАТО.
Заев потенцираше дека гласот на пратениците е контролниот глас на граѓаните и дека и во претстојниот период од огромна важност е поддршката за унапредување на парламентарната демократија, демократизацијата на политичките партии и за јакнење на институциите како клучни во реформите што треба да бидат заокружени до отворањето на поглавјата за преговори со ЕУ во јуни идната година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Врнежи од слаб снег на неколку патни правци, патот кон село Герман е блокиран од паднато дрво
Од синоќа е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар. Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Патот кон село Герман е блокиран кај село Станча, од паднато дрво и не е прооден.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од слаб снег има во Крива Паланка – г.п Деве Баир, г.п Делчево, Страцин, и на Пониква, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообракајот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино.
„Особено ми е драго што иницијативата што ја започнавме пред завршувањето на мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, денес прерасна во реалност. Овој проект беше визија за враќање на културниот живот таму каде што му е местото, меѓу мојот народ. Од денес, таа визија живее“, вели градоначалникот.
„Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор кој повторно ќе стане собиралиште на уметноста, емоцијата и заедничките доживувања.
Покрај Кисела Вода, сега и драчевчани ќе бидат дел од КИНОВЕРЗУМ и ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом.
Филмското искуство повеќе нема да значи патување километри далеку, туку тука – дома. Културата повторно пулсира во Драчево“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.

