Македонија
Средба Заев-Тимоние: Македонија оди во правилната насока, ја имате поддршката од Франција во интеграциските процеси
Македонија оди во правилна насока и земјата ја има поддршката на Франција во интеграциските процеси, му порача францускиот амбасадор Кристијан Тимоние на премиерот Заев.
-Направивме историски исчекори, добиената покана за почеток на пристапни преговори со НАТО и најавениот датум за почеток на преговорите со ЕУ, за Македонија и граѓаните се почеток на реализацијата на стратешките цели, членство во Европската Унија и во алијансата, рече премиерот Заев.
Тој додаде дека остварувањето на овие цели значи стабилност и безбедност за Република Македонија, но и економија и најави дека во периодот што следува уште поактивно ќе се посвети на економскиот развој, што се отвора како перспектива од активираните евро-атлантски интеграциски процеси.
На средбата, премиерот Заев сподели со амбасадорот Тимоние позитивни впечатоци од Самитот на НАТО, оценувајќи дека позитивната енергија од Брисел е големо охрабрување на граѓаните на Македонија во насока на квалитетен живот во својата држава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

