Македонија
Средба Иванов-Радев: Заедно на комеморација на загинатите бугарски војници во Ново Село во Дојран
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во Дојран се сретна со претседателот на Република Бугарија Румен Радев, кој престојува во работна посета на Република Македонија.
„Добрите традиции на современа Европа налагаат државите кои дури и војувале една против друга заедно да ги почитуваат своите мртви, притоа испраќајќи порака за помирување и единство. Радосно е тоа што овој цивилизациски дух зазема се повеќе место и на Балканот. Пред многу десетлетија бевме сведоци како споменици, гробови на бугарски офицери и војници надвор од Бугарија беа урнувани у срамнувани со земјата. Денес времињата се други. Активностите за зближување и взаемните активности меѓу нашите држави се повеќе се зголемуваат од двете страни на границата и тоа е најсилниот сигнал дека одиме по правилната насока“, рече Радев во обраќањето.

На средбата беше разговарано за продлабочување на одличните билатерални односи преку јакнење на политичкиот дијалог, за интегративните процеси на Република Македонија и беа разменети мислења за актуелните предизвици во регионот и во Европската Унија.
Претседателот Иванов изрази надеж дека Република Бугарија како актуелен претседавач со Европската Унија, по добиената позитивна препорака од Европската Комисија, ќе продолжи да ги поддржува македонските интегративни процеси, особено за одредување на датум за отпочнување на пристапните преговори.
„Самитот ЕУ – Западен Балкан во Софија, по Процесот Брдо-Бриони, ќе биде одлична можност уште еднаш да се потврди европската перспектива за целосната интеграција на земјите од Западен Балкан, бидејќи само на тој начин се гарантира мирот, стабилноста и просперитетот на нашиот регион, кој сè уште е подложен на безбедносни и геостратешки предизвици“, рече македонскиот претседател.
Бугарскиот претседател изрази задоволство од учеството на припадниците на Армијата на Република Македонија на воената парада во Софија.
Претседателот Иванов и претседателот Радев разговараа и за унапредување на безбедносната и армиската соработка и разменија мислења за активности насочени кон справување со предизвиците од илегалната миграција, тероризмот и насилниот екстремизам.
На средбата, двајцата претседатели ја реафирмираа заемната посветеност за конструктивно унапредување на севкупните пријателски односи меѓу двете земји и во тој контекст изразија задоволство од континуираниот политички дијалог на највисоко ниво.
Претседателот Иванов на покана на претседателот Радев ќе престојува во возвратна официјална посета на Република Бугарија во месец јуни оваа година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар во Општина Ново Село
Агенцијата за катастар на недвижности отвори нова подрачна канцеларија во Општина Ново Село.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Иван Живковски, денес заедно со градоначалникот на Општина Ново Село официјално ја отворија новата подрачна канцеларија на Агенцијата.
Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите катастарски права и обврски, без потреба од патување до Струмица.
Директорот на Агенцијата, Иван Живковски, при посетата на новата канцеларија истакна дека ова е дел од поширокиот процес на реорганизација и системско приближување на институцијата до граѓаните, со цел обезбедување подостапни, поефикасни и поквалитетни услуги.

