Македонија
Средба Меџити – Рид: Обединетото Кралство дава поддршка за капитални инвестиции во нашето здравство
Министерот за здравство Фатмир Меџити работната посета на Обединетото Кралство ја заокружи со средба со директорот на Агенцијата за извозни кредити на владата, Тим Рид.
Повод за овој работен состанок беше дефинирање на начинот за финансирање на проектот за изградба на новиот универзитетски клинички центар.
Обединетото Кралство го поддржува извозот за компании со која било големина и во сите индустрии, од капитални добра до услуги и нематеријални добра, како интелектуална сопственост.
Изминативе денови за планирањето на следните активности за новиот клинички центар Меџити оствари средби и со специјалниот претставник на премиерот на Обединетото Кралство за трговија со Западен Балкан, Мартин Викерс, главниот оперативен директор на International Hospitals Group (IHG), Симон Ешворт, заменик-шефот на одделот за здравство во Министерството за бизнис и трговија, Дејвид Шепард, како и со министерот за извоз, оддел за бизнис и трговија, лорд Малколм Офорд од Гарвел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Грчкото МНР реагира на заклетвата на Силјановска: „Европскиот курс зависи од употребата на уставното име“
Грчкото Министерство за надворешни работи упати реакција по денешна заклетва во Собранието на новоизбраната претседателка на државата, Гордана Силјановска-Давкова.
Од грчкото МНР велат дека и покрај тоа што во официјалниот текст на заклетвата што и’ беше диктирана, земјата се нарекува „Северна Македонија“, новата претседателка одлучи да ја нарече својата земја „Македонија“.
Со овој чин, велат од Министерството, грубо се крши Договорот од Преспа како и Уставот на соседната земја, кој е усогласен со нејзините меѓународни обврски.
„Грчката влада, и покрај приговорите што ги искажа како противење при ратификацијата на договорот, го почитуваше како ратификуван меѓународен договор кој има предност над која било друга законска одредба. Грција, во овој контекст, категорично наведува дека натамошниот напредок во нејзините билатерални односи со Северна Македонија, како и европскиот курс зависат од целосното спроведување на Договорот од Преспа и пред се од употребата на уставното име на земјата“, се вели во реакцијата.
За време на давањето заклетва, грчката амбасадорка во земјава ја напушти пленарната сала во знак на протест, а грчкиот весник „Катимерини“ напиша дека тоа било под директива на грчкото Министерство за надворешни работи.
Македонија
Лога: Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Силјановска
Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Гордана Силјановска-Давкова, реагира министерот за правда, Кренар Лога.
„Или повторување на постапката или функцијата претседател на државата треба да ја преземе Јован Митревски (претседател на собрание), како В.Д.“, порача Лога.
Гордана Силјановска-Давкова денес положи заклетва во Собранието за претседател на државата без да употреби Северна Македонија, по што грчката амбасадорка ја напушти пленарната сала во знак на протест.
Македонија
Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски
Гордана Силјановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ја презеде функцијата претседател на државата од Стево Пендаровски во „Вила Водно“.
Таа претходно беше во Собранието каде што даде свечена заклетва за совесно и одговорно извршување на должноста.
Силјановска потоа се обрати пред пратениците, каде повика на единство, истакнувајќи дека ќе биде претстедателка на сите партии и сите граѓани, а говорот им го посвети на жените, сугерирајќи дека ќе биде инспирација за нивно учество во политичкиот живот.
Од денес почнува нејзиниот петгодишен претседателски мандат. Таа е шести претседател, и прва жена која се здобила со оваа функција од осамостојувањето на државата.