Македонија
Средба на Иванов со првиот човек на црногорската војска, Драгутин Дакиќ
Претседателот Ѓорге Иванов денеска го прими началникот на Генералштабот на војската на Црна Гора, бригаден генерал Драгутин Дакиќ. На средбата беа разменети мислења за билатералните односи меѓу двете земји и во тој контекст двајцата соговорници изразија задоволство од одржувањето на дијалогот на високо ниво, во сите сфери од заемен интерес, што укажува на традиционално пријателските односи меѓу Република Македонија и Црна Гора.
Во однос на стратешките цели и интеграциските процеси, македонскиот претседател истакна дека членството на Република Македонија во ЕУ и НАТО е од клучно значење за стабилноста и просперитетот на земјава, но и на целиот регион нагласувајќи го интересот за натамошно унапредување на соработката со Црна Гора, особено во сферата на одбраната и военообразовната област.
Претседателот Иванов и генералот Дакиќ разговараа за трансформациските процеси во АРМ, како и за искуствата од интегративните процеси на Црна Гора по полноправното членство во НАТО. Македонскиот претседател истакна дека реформите и мерките што се преземаат во Република Македонија за унапредување на стандардите во сферата на одбраната ја потврдуваат нашата стратешка определба за членство во алијансата.
Претседателот Иванов на средбата со генерал Дакиќ изрази благодарност за поддршката што Црна Гора ја дава за евро-атлантските интеграции на Република Македонија, како и очекување дека таа ќе продолжи и во наредниот период.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

